Португалија Богородична земја

Фатима

Зборот Фатима е како второто име за верниците на напатениот португалски народ кој на посебен начин ја почитува Блажена Дева Марија.

Фатима е сместена во централниот дел на Португалија, 30 километри од Атланскиот океан на територијата на општина Оурем. Недалеку од Фатима (околу еден километар) се наоѓа Алјустрел село во кое се родени трите пастири на кои во 1917 година им се објави Пресвета Бородица. Близу до Алјустрел на ридот наречен Кабеко се наоѓа Лока де Кабеко каде што во 1916 година на пастирчињата два пати им се објави ангел. Два километри западно од Фатима кај бројните мали заливи наречени Кова да Ирија: местото каде што Пресвета Богородица се објави пет пати. Во малата долина помеѓу Алјустрел и Ла Лока де Кабеко наречена Валинхос Пресвета Богородица се објави уште еден пат.

Годините 1916 и 1917 ќе бидат одбележани како најмрачни во историјата на европските народи. Најмоќните нации водат братоубиствена војна, Првата светска војна ќе предизвика милионски жртви. Во 1917 година во Русија избувнува болшевичката револуција која малку по малку ги пренесувала на целото човештво начелата на атеизмот, верските прогони и негирањето на духовните вредности. Во времето на тие години во Фатима во Португалија Ангел на мирот и Блажена Дева Марија ја донесуваат преку пастирите пораката на мирот, надежта и љубовта за целото човештво (…).

Евангелието нè учи дека понизноста е таа со која му угодуваме на Бог. Фатимската Богородица ја следела таа наука избрала тројца скромни пастири на светот во нашето време да ја пренесат нејзината порака. Фатимските гледачи биле целосно нормални деца, по ништо различни од другите деца на нивна возраст. Како и многу други деца во селска средина ги чувале овците на своите семејства. Луција била најстара. Се родила на 22 март 1907 година. Фрањо родинина на Луција се родил на 11 јуни 1908 година. Јацинта помладата сестра на Фрањо се родила на 11 март 1910 година. Тие тројца по ништо поразлични од другите, во родителскиот дом воспитани во здрава христијанска вера ќе бидат избрани како гласници на големите Фатимски пораки за светот на кој му е потребна љубов, надеж и мир.

Во историјата на избраниот еврејски народ и во историјата на Црквата Бог често испраќал свои ангели како носители на ПОРАКА за луѓето за подобро да го сфатат Божјото Слово и Божјата волја. Во Фатима година дена пред објавувањето на Пресвета Богородица, Ангелот три пати ги посетил трите пастирчиња. Како претходник на Богородица ги подготвувал децата за да можат подобро да ја разберат пораката на Богородица која не можеше да биде поинаква од Евангелијата.

Првото објавување на Ангелот било пролетта во 1916 година на ридот Лока да Кабеко. Денот бил дождлив. Децата побарале засолниште. Кога се разведрило продолжиле да си играт; непозната светлина одеднаш се приближила од исток кон нив. Кога се приближила забележале светол лик на момче од 14 до 15 години. Бил многу убав „побел од снег и посјајен од кристал, поблескав од сончев зрак.“ (Луција) Им кажал: „Не плашете се! Јас сум Ангел на мирот. Молете со мене.“ Клекнал го наведнал лицето до земјата и три пати молел: „Мој Боже јас верувам во Тебе, Ти се поклонувам, се надевам на Тебе и Те љубам. Барам прошка за оние кои не веруваат, кои не ти се поклонуваат, кои не се надеваат на Тебе и не Те љубат.“ Се подигнал и рекол: „Молете така: Срцата на Исус и Марија се внимателни на вашите молитви“ и исчезнал. Наредните денови тројцата пастири се чувствувале зафатени со Божјото присуство што меѓусебно не можеле да зборуваат.

Второто објавување било два месеци подоцна близу до бунарот зад куќата на Луција. „Што правите овде? Молете, молете многу. Срцето Исусово и Мариино имаат со вас план за милосрдие. Принесувајте постојано на Пресветото молитви и жртви.“ „Како треба да се однесуваме?“ – прашала Луција. „Што и да правите принесувајте го на Господ за гревовите со кои е навреден. Молете за преобраќање на верниците!“ Од тие зборови децата биле воодушевени и започнале да ја изговараат молитвата која ја слушнале од Ангелот во првото објавување.

Третото објавување било на есен на истото место каде што било првото. Додека ја молеле молитвата на Ангелот ги осветлила светлина. Ги подигнале очите. Ангелот во левата рака држел чаша, а над чашата крвава хостија. Подигнувајќи ја чашата и хостијата се поклонил до земја близу до децата и побарал од нив да ја молат следната молитва: „Пресвето Тројство, Оче, Сине и Душе Свети длабоко Ви се поклонуваме и ви го принесуваме прескапоценото Тело, Крв, Душа и Божественоста на Исус Христос присутно во сите светихранилишта во светот како надомест за навредите, светогрдието и рамнодушноста со кои те навредуваат. И преку Неговите заслуги на неговото Пресвето Срце и Безгрешното Срце на Марија те молам за преобраќање на грешниците.“

Објавувањето на Пресвета Богородица

Недела на 13 мај 1917 година после светата Литургија тројцата пастири со ручекот во торба се упатиле со стадото кон Кова да Ирија малата долина во облик на амфитеатар, два километри од нивното село. Додека овците мирно паселе, почнале да си играт. „Одеднаш – вели Луција – видовме светлина како молња. Одлучивме да се вратиме дома. Едвај направивме неколку чекори со стадото забележавме на малиот зелен даб Госпоѓа во бело облечена, а беше посветла од сонцето. Госпоѓата рече: „Не плашете се, нема да ви направам ништо!“ „Од каде си?“ – прашала Луција. „Јас сум од небото“ – и одговорила. „Што сакаш од мене?“ – прашала Луција понатаму. „Јас дојдов да ве замолам да доаѓате овде, секогаш во истиот час секој 13 во наредните шест месеци. Веднаш ќе ви кажам која сум и што сакам.“ После неколку моменти Госпоѓата продолжи: „Дали сте подготвени да се жртвувате за Бог и да ги прифатите сите страдања кои ви ги испраќаат како надомест за гревовите со кои го навредија и да молете за грешниците?“ „Да сакаме“ – одговорила онака сигурно Луција во името на сите. „Добро ќе мора многу да трпите, но милоста Божја ќе ви биде освежување.“ Белата Госпоѓа заврши: „Молете света Бројаница секој ден за да престане војната и да има мир во светот.“ Луција сведочи: „И Госпоѓата започна полека да се подигнува кон исток се додека не исчезна во непрегледен простор обвиена во светлина која како да и отвораше патека кон ѕвездите.“

Второто објавување беше на 13 јуни на празникот на свети Антониј Лисабонски (Падовански) заштитникот на Португалија. На Кова де Ирија имало 50 луѓе. И се укажа Белата Госпоѓа како што била облечена. „Сакам да дојдете и следниот есец на 13 и да молите Света Бројаница. “ Веднаш им ветила дека наскоро ќе ги земе во небото Фрањо и Јацинта. Луција мора да остане на земјата и да помогне да се прошири во светот побожноста на Безгрешното Срце Мариино. Луција се натажила затоа што ќе остане сама. Богородица и ветила: „Јас никогаш нема да те напуштам. Моето Безгрешно Срце ќе биде прибежиште и патот кој ќе те води до Бог.“ Тогаш ги отворила рацете на дланката на нејзината десна рака било срцето опкружено со трње. „Сфативме дека тоа било Срцето на Безгрешната Девица Марија кое е навредено со гревовите на луѓето и копнее за надомест.“

Третото објавувањее на 13 јули на кое присуствувале околу 4000 луѓе. Децата и нивните семејства имале многу потешкотии. Соседите зборувале: „Ова е ѓаволско дело, тоа е изум на пеколот!“ Богородица ги утешувала: „Јас доаѓам од небото, во пеколот нема таква светлина и сјај… Таму нема добрина и благост. Продолжете да молите Бројаница секој ден.“ Луција од Богородица барала едно чудо. „Во октомври – одговорила Богородица – ќе кажам која сум и што сакам. И сите да поверуваат ќе направам чудо кое сите ќе го видат.“ Богородица барала да се моли Света Бројаница: „Жртвувајте се за грешниците и кажувајте често пред секој кога правите некоја жртва: „О, Исус Тебе за љубов, за преобраќање на грешниците и надомест за направените гревови против Безгрешното Срце Мариино.“ (…)

На шестото објавување на 13 октомври се собрале околу 80.000 луѓе во Кова да Ирија. На пладне повикала Луција: „Тишина, тишина Богородица доаѓа.“ „Што сакаш од мене?“ – ја прашала последен пат.

„Јас сум Пресвета Богородица од Ссветата Бројаница.“ „Сакам да ти кажам да се изгради овде капела во моја чест. Продолжете да молите Света Бројаница секој ден. Војната ќе престане…“ Луција и изнела на Богородица многу желби. „Некои ќе бидат услишани други нема: „Треба да се поправат“ – рекла Богородица. „Нека бараат прошка за своите гревови… војната ќе заврши. Не навредувајте го нашиот Господ. И ова е веќе премногу!“ И се прости Богородица од своите верни деца. Ги рашири рацете ги подигна кон зраците на сонцето и додека се подигнувала нејзината светлина не престанала да се рефлектира на светлата топка. Видувањето било посветло од сонцето. Близу до сонцето се покажал свети Јосиф, Детето Исус и Богородица; Исус и Богородица Жалосна; Исус Кој го благословува светот, Богородица Кармелска.

Оддеднаш повикала Луција: „Гледајте го сонцето!“ Тоа што мноштвото го видело го нарекле „чудото со сонцето.“ Таткото на Јацинта раскажува: „Сите ги свртеа очите кон небото и одеднаш започно сонцето да игра и да скока. Запре па повторно започнува да игра и да скока сѐ до моментот кога изгледало дека се разделува од небото и дека ќе падне врз нас како голема огнена топка. Тоа беше страшен момент. Најпосле сонцето запре и се врати на своето место во вселената.“ И последното не протолкувано чудо е: целиот свет беше до кожа мокар, а сега секој беше целосно сув. Тоа беше последното објавување во Фатима. Во 1929 година Богородица се објавува на Луција во Туи (Шпанија) и бара посвета на Русија на нејзиното Безгрешно Срце.

Во 1982 година на 13 мај: папата Иван Павле II ходочасти точно година дена по атентатот на плоштадот Свети Петар. Отишол да и се заблагодари на Богородица што му го спасила животот. Оној куршум кој требало да биде смртоносен е ставен во круната на Пресвета Богородица, на онаа иста круна која кардинал Масел пратеник на папата Пио XII на 13 мај 1946 година ја ставил на главата на Богородица.

Фатимските тајни

За фатимските тајни многу се пишувало. Првата вистина за фатимските тајни е позната: МОЛИТВА И ПОКОРА. Со објавувањето на првите две тајни дошло на виделина следното: дека децата го виделе пеколот и откритието за војната, ширењето на атеизмот и прогонот на Црквата. Третата не смеела да се објави пред 1960. Се објавува дури во 2000 година. Ја објавил папата Иван Павле II на 13 мај 2000 година кога ги прогласил за блажени Фрањо и Јацинта. Третата тајна се однесува на зборовите на Блажена Дева Марија: „Ако мојата желба се слушне Русија ќе се обрати и ќе биде мир; а ако не тогаш нејзината погрешна наука ќе се прошири по светот и ќе предизвика војни и прогонства на Црквата и Светиот Отец многу ќе трпи. Различни нации ќе бидат уништени.“ После атентатот на 13 мај 1981 година на Папата му било јасно дека „една мајчинска рака го водела куршумот и така дозволила папата кој умира да не го премине „прагот на смртта.“ Богородица дала ветување на оние кои ќе се доверуваат на Нејзиното Пресвето Срце. Еве ја важната точка: „Гледај моја ќерко, моето срце е опкружено со трње кое е слика на псовките и неблагодарноста на луѓето. Ти барем утеши ме. Сите кои ќе се исповедат и ќе примат света Причест, ќе измолат Бројаница и ќе бидат со Мене во заедништво 15 минути размислувајќи за таинствата на Светата Бројаница секој прва сабота во месецот непрекинато 5 месеци како надомест за Мене за нанесените навреди, ветувам дека ќе бидам во часот на смртта со нив со сите потребни милости за нивно спасение.“ (Објавено на сестра Луција 10.12. 1925)

Гласник Мира/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

За авторот