Поранешна панкерка и атеистка станала монахиња

Поранешна панкерка и атеистка станала монахиња

Тереза Алетија Нобл е монахиња и позната блогерка, но не била секогаш тоа. Сега е ревна монахиња и евангелизаторка, а некогаш била ревна атеистка и активистка.

Била вегетарјанка, панкерка и поборник за животните, додека еден ден не го пронашла Бог. Сега е монахиња павлинка, од својот манастир и конгрегацијата порачува дека „моли, евангелизира и печелеб“.

Нејзиното сведоштво е многу интересно, таа не се срамува од своето минато затоа што без него сега не би била овде каде што е, а тоа може да помогне на многумина. Токму поради тоа за Алетиа (католичка интернет страница) го раскажала својото процес на преобраќање со интересно размислување:

Кога бев мала сакав да читам авантуристички романи, да свирам виолина и да пишувам бајки. Подоцна станав панк – рокерка и атеистка. Потоа се одлучив за вегетарјански и активистички живот, борејќи се за правата на животните. Кога завршив факултет предавав во сиромашните квартови, а подоцна работев и на фарма. После тоа се случи чудо – почнав да верувам во Бог, станав католикиња. Најпосле ги изненадив сите (а најмногу себе) кога станав монахиња.

Сега кога одам низ улиците облечена во монашка облека некои ме гледаат како претставничка на Црвката – институција, некои како некој кој живее на маргините на општеството, а некои пак како ексцентична. И конечно, некои пак гледаат љубов.

На некој начин, јас сум сето тоа

Како моето минато и сегашност да не се споиле во потполност. Некои аспекти од мојот живот се споија, да, но некои не. Најпосле, резултатот беше еден прекрасен мозаик.

Понекогаш се прашувам дали моето место е во групата која јас ја нарекувам „навикнати“ на Црквата. Ќе станам ли фарисејка? Дали сум веќе станала? Ќе сакам ли да продолжам да се борам со вистината на својата вера и да се соочувам со своите сомнежи, или да побегнам од искреното соочување и да ја пронајдам удобноста, конформизмот, рутината, среќата и (лажните) чувства на благосостојбата? Дали ќе се прилагодам на однесувањето на луѓето кои ме опкружуваат или на Христовото однесување? Ќе можам ли, после што се одреков од „световниот“ живот, да станам „просечна“ монахиња?

Своето минато не го фрлив во ѓубре

Се сметам за „поранешна атеистка“, но, не е се така едноставно. На некој начин секогаш сум во согласност со различните апсекти на својата личност и се надевам дека тоа нема да се промени. Повеќето луѓе очекуваат да се срамам од моето минато, но се срамам единствено од тоа што не сум го сакала Бог и своите ближни.

Не се срамам од своите преиспитувања, внатрешните борби и барањата. Не се срамам од своите ексцентрични страни, ниту од тоа што сум ја изгубила главата во потрагата, не се срамам што помалку сум чудна и бунтовна. Јас своето минато не го фрлив во ѓубре.

Примерот од Свети Павле

Сметам дека е важно да ги согледаме своите гревови на начинот на кој Бог ги согледува. Тој ги познава недостатоците кои нѐ доведуваат до грев, но тие недостатоци, со одрекување, стануваат доблести кои нѐ благословуваат.

Свети Павле, на пример, беше најголемиот фарисеј, насилен прогонител, човек кој строго ги следел надворешните правила. Тие карактеристики кои го навеле да прави многу гревови, исто така го донеле до патот полн со светост. Секој од нас има единствен дар, кој покрај другите, во крилото на Црквата, може да стане плодоносен… И Бог честопати ги прикажува тие дарови низ најнеочекуваните аспекти од нашата личност или особеност.

Пред неколку дена оживеав со оваа помалку чудна молитва:

„Господи, во минатото сакав да ми помогнеш во борбата против мојата скептична природа. Сега сакам нешто друго: да го сочувам тој скептицизам. Не сакам едноставна вера. Направи мојата вера да биде смела, истакната, потполна, но направи и да ги разберам оние кои се сомневаат. Сакам, по секоја цена, да останам блиску до оние кои се на маргината на Црквата, на оние кои никако не разбираат, оние кои не припаѓаат во кругот на „редовните“, оние кои се сомневаат, бараат, оние кои се ексцентрични, оние кои не се вклопуваат во друштвото. Ослободи ме, Господи, од Црква која е клуб, црвката на „навикнатите“ кои удобно се сместиле во своите рутински уверенија.“

Меѓугорје.инфо/к.мк

Категорија: Вера, Сведоштва

За авторот