Порака на папата Фрањо за Светскиот мисиски ден 2013
Навестувањето на Евангелието е постојана задача на Црквата
Драги браќа и сестри,
Оваа година Светскиот мисиски ден го славиме на самиот завршеток од Година на верата, која претставува голема можност за зацврстување на нашето пријателство со Господ и нашиот пат како Црква која храбро го навестува Евангелието да се засили. Во врска со ова сакам да предложам некои размислувања.
1.Верата е скапцен дар од Бог, која го отвара нашиот ум за да можеме да го запознаеме и љубиме. Тој сака да дојде во контакт со нас и да нѐ направи соучесници на неговиот живот и нашиот живот да добие поголема смисла, да биде подобар, поубав. Бог нѐ љуби! Меѓутоа верата треба да биде прифатена, од нас бара личен одоговор, храброст да му се довериме на Бог, да ја живееме неговата љубов и да бидеме благодарни за неговото бескрајно милосрдие. Понатаму, тоа е дар кој не е привилегија за малобројните, туку се нуди изобилно. Сите би требало да ја искусат радоста, да се чувствува љубен од Бог, радоста за спасението! И тоа е дар кој не може да се задржи само за себе, туку треба да се подели со другите. Ако сакаме да го задржиме само за себе, ќе станеме изолирани, бесплодни и болни христијани.
Навестувањето е составен дел на апостолството Христово и постојана задача која го поттикнува целиот живот на Црквата. „Мисионерскиот елан е јасен знак за зрелоста на христијанската заедница“ (Бенедикт XVI, Апостолско писмо, Verbum Domini, 95). Секоја заедница е „зрела“ кога ја исповедува верата, со радост ја слави литургијата, ја живее љубовта и постојано го навестува Словото Божјо, излегува од сопствените рамки за да ја пренесе Радосната весст на „периферијата“, пред сѐ на оние кои сѐ уште немале можност да го запознаат Христос. Цврстината на нашата вера, личната и заедничката, се мери исто така и со способноста за нејзино пренесување на другите, нејзиното ширење и живеење во љубовта, сведочење на оние со кои се сретнуваме и кои со нас го делат животниот пат.
2.Година на верата, педесет години од почетокот на Вториот ватикански собор, претставува поттик за целата Црква на нова свест за нејзината присутност во современиот свет и нејзиното послание меѓу народите и нациите. Мисонерството не е нешто што се однесува само на географските подрачја, туку се однесува и на народите, културите и поедини лица, токму затоа што „границите“ на верата се протегаат не само низ места и традиции, туку и низ срцето на секој маж и жена. Вториот ватикански собор на посебен начин истакнува дека мисионерската задача, задача за ширење на границите на верата, се однесува на секој кој е крстен и на сите христијански заедници: „Бидејќи Божјиот народ живее во заедници, посебно во епархиски и парохиски, и во нив на некој начин се покажуваат како видливи, тоа е нивна задача, пред народите да сведочат за Христос“ (Декрет, Ad gentes, 37). Поради тоа секоја заедница е повикана и пратена да го прифати посланието кое Исус го довери на апостолите да бидат „сведоци во Ерусалим, по цела Јудеја и Самарија и сѐ до крајот на земјата (Дела 1,8), и тоа не како некој спореден аспект од христијанскиот живот, туку како негов важен аспект: сите ние сме пратени низ улиците на светот и со нашите браќа и сестри да одиме и да ја исповедаме и сведочиме својата вера во Христос и да станеме навестители на неговото евангелие. Ги повикувам епископите, презвитерите, презвитерските и пасторалните совети, сите одговорни лица и групи во Црквата во пасторалните и воспитно-образовните планови и програми да се даде видливо место на мисонерскиот поглед, свесни дека сопственото апостолско ангажирање не е потполно ако не тежнее „да даде сведоштво за Христос пред сите народи“. Мисонерството не е само некоја програмска димензија во христијанскиот живот, туки исто така парадигматска димезнија која се однесува на сите аспекти од христијанскиот живот.
3.Честопати делото на евангелизаијца наидува на препреки, и тоа не само надворешни, туку и внатре во самите црковни заедници. Понекогаш при навестувањето на Христовата порака за да им се помогне на луѓето од нашето време да го сретнат, недостасува жар, радост, храброст, надеж. Сѐ уште има такви кои мислат дека навестувањето на евангелската вистина претставува напад врз слободата. Павле VI во врска со ова јасно вели: „Сигурно дека би било погрешно кога нешто би им наметнувале во совеста на своите браќа. Но сосема е нешто друго ако на таа совест, со полна јасност и пред сѐ почитувањето на слободата на избор, се понуди евангелската вистина и спасението преку Исус Христос… Далеку од тоа дека е напад врз верската слобода: тоа е почитување на таа слобода“ (Апостолско писмо Evangelii nuntiandi, 80). Мораме секогаш да чувствуваме храброст и радост, со радост и почит кон другиот, да понудиме средба со Христос, и да бидеме благосвесници на евангелието. Исус дојде меѓу нас за да ни го покаже патот до спасението и на нас ни го довери тоа послание тоа спасение да го навестиме на сите, до крајот на земјата. Често имаме можност да видиме како се нуди и истакнува во прв план насилството, лагата и заблудата. Итно е потребно во нашето време преку навестување и сведочење да светне пред сите добиот евангелски живот, и тоа од внатрешноста на самата Црква. При една ваква перспектива важно е да не се заборави основното правило, кое важи за секој навестител на верата: не може да се навестува Христос без Црквата. Евангелизацијата никогаш не е некој изолиран, поединечен, приватен чин, туку секогаш е црковен. Павле VI пишува: „додека некој непознат проповедник, катехист или душогрижник во некој најоддалечен крај го проповеда Евангелието, ја собира својата мала заедница или дели некоја света Тајна, дури и осамен, тој прави дело на Црквата. Тој тоа дело „го извршува во единство со посланието на Црквата и во нејзино име, а не послание кое тој самиот на себе би си го препишува или по свое лично надахнување“ (исто, 60). А тоа дава сила на посланието и му помага на секој мисионер и навестител на верата да почувствува дека никогаш не е сам, туку дека е дел од едно Тело, исполнето со Светиот Дух.
4. Во нашето време, покрај зголемената преселба и леснотија во комуникацијата преку новите средства, дојде до мешање на народите и размена на знаења и искуства. Во потрага по работа цели семјства се селат од еден на друг континент; професионални и културни размени, туризам и слични појави поттикнаа големи преселби на луѓето. Поради тоа понекогаш е тешко, дури и за парохиските заедници, кој живее постојано, а кој привремено престојува на нивното подрачје. Понатаму, во сѐ поголемиот традиционално христијанските краеви се зголемува бројот на оние кои ништо не знаат за верата, кои се рамнодушни кон верата или се приклонуваат кон други вери. Не ретко се случува, крстениот да донесува животни одлуки, кои се далеку од верата поради што им е потребна „нова евангелизација“. Кон тоа се придодава фактот што радосната вестна Исус Христос сѐ уште не допрела до голем дел од човештвото. Покрај тоа, живееме во криза од која се погодени разни подрачја на животот, не само стопанството, финансиите, прехрамбената сигурност и околината, туку и за длабооката смисла на животот и основните вредности кои го покренуваат човекот.
И човечкиот соживот е означен со напнатост и судири кои предизивкуваат несигурност и тешкотии да се пронајде пат кој ќе води кон стабилен мир. Во тие сложени ситуации, изгледа како над хоризонтот на сегашноста и иднината се надвиле заканувачки облаци, уште е поургентно храбро да се носи во секоја реалност Хриството евангелие, кое навестува надеж, помирување, заедништво, навестување на Божјата близина, неговото милосрдие, неговото спасение; навестување дека силата на Божјата љубов е способна да ја победи темнината на злото и нѐводи по патот на доброто. Мажите и жените од нашето време имаат потреба од сигурно светло кое го расветлува нивниот пат,а може да го даде единствено средбата со Христос. Да му донесеме на овој свет, со своето сведоштво и љубов, надеж која ја дава верата. Мисионерскиот дух на Црквата не е прозелетизам, туку сведоштво со живот кое го расветлува патот, кое донесува надеж и љубов. Црквата – повторувам уште еднаш – не е некоја каритативно здружение, претпријатие или невладина организација, туку заедница на луѓе, надахнати од Светиот Дух, кои со воодушевување ја живееле и ја живеат средба со Исус Христос и сакаат со други да го споделат тоа искуство на длабока радост и пораката на спасението која ни ја подари Господ да се пренесе. Светиот Дух е оној кој ја води Црквата на тој пат.
5. Сакам сите да ве охрабрам да станете навестители на Христовата вест и на посебен начин сум благодарен на мисонерите и мисионерките, презвитерите fidei donum, монасите и монахињите и сѐ побројните верници лаици, кои прифаќајќи го повикот Господов, ја напуштаат својата земја за да го пренесат евангелието во други краеви и култури. Но сакам исто така да истакнам дека и младите Цркви великодушно се вклучени во праќањето мисонери на Црквите кои се наоѓаат во тешкотии – не ретко тоа се Цркви со древни христијански корени. На тој начин донесуваат свежина и воодушевување со кои тие ја живеат верата, која го обновува животот и дава надеж. Да се живее во таа универзална димензија, одговара на Исусовата заповед „Одете и направете ги сите народи Мои ученици“ (Матеј 28,19) е богатсво за секоја локална Црква, секоја заедница, бидејќи да се дава мисонери и мисионерки никогаш не е загуба, туку добивка. Апелирам до сите они кои го чувствуваат тој повик согласно нивната животна ситуација, великодушно да одговорат на гласот на Светиот Дух и да не се плашат да бидат великодушни со Господ. Ги повикувам и епископите, монашките семејства, заедници и сите христијански друштва, далекувидно и со внимателно одлучување, да дадат подршка на мисонерскиот повик ad gentes и да им помогнат на Црквите на кои им се потребни свештеници, монаси и монахињи и верници лаици, и на тој начин да се зајакне сопствената христијанската заедница. Со таква внимателност треба да биде присутна и меѓу Црквите кои се наоѓаат во состав на иста епископска конференција или регион: важно е Црквите кои се побогати со звања великодушно да им помагаат на оние кои трпат поради недостаток од истите.
Воедно ги повикувам мисионерите и мисионерките, посебно презвитерите fidei donum и верниците лаици со радост да ја живеат својата скапоцена служба во Црквата во која се повикани и да ја донесуваат својата радост и искуство на Црквите од кои доаѓаат, спомнувајќи се како Павле и Варнава на завршувањето од нивното прво мисионерско патување, кога „прикажуваа за сè, што направил Бог со нив и како и тоа дека Он им ја отворил вратата на верата и за незнабожците“ (Дела 14,27) Тие можат во некоја смисла да да станат своевидно средство за „враќање“ на верата, донесувајќи свежина од младите Цркви, за да Црквите од древнот христијанство повторно го пронајдат воодушевувањето и радоста при делењето на верата во една размена која е взаемно збогатување во наследувањето на Господ.
Грижата за сите Цркви, која римскиот епископ ја дели со сите браќа во епископската служба, свое вистинско остварување наоѓа во рабоата на Папските мисонерски дела, кои имаат за цел да будат и да ја продлабочуваат мисионерската свест на секој крстеник и на секоја заедница, довикувајќи во свеста за потребата за подлабока мисонерска образување на целиот народ Божји и поттикнувајќи ја христијанската заедница да ја дадат својата подршка при ширењето на евангелието во целиот свет.
На крајот,во мислите сум со христијаните кои во разни делови од светот се соочуваат со потешкотии, кога јавно ја исповедаат сопствената вера и го имаат законско право верата да ја практикуваат на достоинствен начин. Тие се наши браќа и сестри, храбри сведоци – уште побројни од мачениците во првите векови – кои со апостолска издржливост ги поднесуваат сегашните облици на прогонство. Неретко го ризикуваат сопствениот живот за да останат верни на Христовото Евангелие. Сакам да им ја загарантирам својата молитвена близина на лицата, семејствата и заедниците кои страдаат од насилство и нетрпеливост и ги повторувам утешните зборови на Исус: „Јас го победив светот! (Иван 16,33)
Бенедикт XVI повика: „Словото Господово да се распространува и да се слави на секое место“ (сп. 2 Солунјаните 3,1): оваа Година на верата сите нека нѐ направи поцврсти во односот со Христос Господ, бидејќи само во него нашата иднина е извесна и само во него имаме гаранција за вистинска и трајна љубов“ (Апостолско писмо, Porta fidei, 15). Тоа воедно е и моја желба за Светскиот мисиски ден за оваа година. Од срце ги благословувам сите мисонери и мисионерки и сите оние кои ги следат и ја помагаат оваа основна задача на Црквата да го навестува Еванеглието во целиот свет, а ние „служителите на евангелието и мисионерите да можем да ја доживеееме „прекрасна и утешна радост од навестувањето“. (Павле VI., Апостолско писмо. Evangelii nuntiandi, 80).
Од Ватикан, 19 мај 2013, на празникот Педесетница
Папа Фрањо