Порака за празникот Весак: Христијаните и будистите заедно во заштитата на животот

Ватикан, 3.5.2013 /к.мк/ – „Нашиот вистински братски дијалог бара од нас будистите и христијаните да го зајакнеме она што нѐ обединува, посебно длабока почит кон животот, кој го делиме“. Тоа се чита во Посланието на Папскиот совет за меѓурелигиски дијалог упатено до будистите ширум светот по повод празникот „Весак“, „Празникот на светлината“.

„Со полна љубов и великодушност кон сите суштества“ е „камен темелник“ на будистичката етика. Љубовта кон Бог и љубовта кон ближниот се „јадрото на моралната наука на Христос“. Така претседателот на Папскиот совет за меѓурелигиски дијалог, кардиналот Жан-Луиз Туран, ги издвои и искомбинира темелите на христијанството и будизмот, изразувајќи ја основната тема на овогодишната порака за празникот Весак: заштитата на човечкиот живот. Сметам, пишува кардиналот: „дека треба итно да се создаде, како за будистите, така и за христијаните, на базата на вистинското наследство на нашите верски традиции, една мирна атмосфера, за да ја сакаме, го заштитиме и промовираме човечкиот живот“.

Кардиналот Туран потсетува и на повикот на папата Фрњо за „потребата од дијалог и пријателство меѓу следбениците на различните религии и забележува дека „и покрај благородните поуки за светоста на човечкиот живот“, злото сепак придонесува „во различни форми, за бесчовечност на личноста и заслабнување на чувството за хуманост во одделни поединци и заедници“. „Оваа трагична ситуација бара од нас, будистите и христијаните, да ги здружиме силите за разоткривање на заканите за човечкиот живот. Треба да се разбуди моралната совест во нашите следбеници, за да се раѓа една духовно-морално преродба кај поединци и општества, претворајќи ги во вистински миротворци, заштитници и унапредувачи на човечкиот живот во секоја негова димензија“.

Нашиот вистински братски дијалог, продолжува пораката „бара од нас будистите и христијаните да го зајакнеме она што нѐ обединува и посебно длабока почит кон животот, кој го делиме“. Затоа, завршува кардиналот Туран „ајде да продолжиме да соработуваме со возобновена солидарност и братска љубов, за да ги олесниме страдањата на човечкото семејство, заштитувајќи ја светоста на човечкиот живот“. (В.Н.)

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

<