Папата Фрањо потсетува на, „благородната и често херојска професионална служба на лекарите, кои ја живеат како послание.
Во писмо на папата Фрањо упатено до монсињор Винченцо Паглија, претседател на Папската академија за живот, кој присуствуваше на церемонијата за сеќавање на лекарите, медицинските сестри и здравствениот персонал починати од коронавирус. Повод е Националниот ден во Италија, 20 февруари, во спомен на здравствените работници починати од Ковид-19.
Во писмото папата Фрањо потсетува на „многуте браќа и сестри“ кои „ги ризикуваа своите животи, дури и да ги загубат, нагласувајќи дека нивниот пример „предизвикува длабока благодарност кај сите“ и е „причина за размислување“. „Пред толку многу саможртва“, објаснува папата Фрањо, „целото општество се охрабрува да покаже поголема љубов кон ближниот и да се грижи за другите, особено за најслабите“.
Светиот Отец потсети на „оние кои денес продолжуваат да служат во болници и здравствени установи“ и нагласува дека посветеноста е „вакцина против индивидуализмот и егоцентризмот и ја покажува најавтентичната желба која престојува во човечкото срце: грижа за оние кои се во најголема потреба и се препуштаат на нив.” „Духовно се присоединувам кон сите присутни на комеморативниот настан и го испраќам својот благослов”
Ватикан њуз/к.мк