Папата Фрањо повторно донираше медицинска опрема преку Апостолската милостилница во областите кои се најмногу погодени од пандемијата.
Четири респиратори, очила и маски се испратени во Латинска Америка, каде повеќе од 700.000 луѓе починаа од Ковид – 19. Апостолскиот нунциј во Колумбија, надбискупот Луис Маријано Монтемајор, истакна дека помошта на Папата ќе биде насочена особено кон сиромашните и областите кои се најтешко погодени од пандемијата. Со помош на армијата, ќе биде предадена на бискупот во Квибдо, Хуан Карлос Барето, кој ќе ја проследи до болницата „Свети Фрањо Асишки“ и клиниката „Сантијаго“.
Колумбиските бискупи му се заблагодарија на Папата за неговата постојана грижа за колумбиската црква во повеќе области, што е израз на неговата грижа за сите Цркви.
Во пандемијата Папата повеќе пати испраќа медицинска помош на сиромашни луѓе ширум светот. За неговиот именден пред една година, тој им помогна на болниците во Италија, Шпанија и Романија. Во летото минатата година испрати, меѓу другото, 18 респиратори во Бразил, кои беа лично предадени од кардинал Конрад Крајевски, кој како Апостолски милостилничар, ја предаде помошта и во Апулија, Неапол и лично ги посетува во Рим оние на кои им е потребна помош.
Ватикан њуз/к.мк