Помош за Црквата на Блискиот Исток

И оваа година, на Велики Петок, во сите Цркви ќе се собира милостина за Светата Земја.

Во спомен на Христовата мака сакаме со молитва и конкретна помош да ја искажеме подршката на заедницата верници и светите места во Светата Земја, посебно во сегашниот драматичен момент во кој се наоѓа целиот Близок Исток – пишува кардинал Леонардо Сандри, префект на Конгрегацијата за Источни Цркви, во писмото упатено до пастирите на целата Црква.

Во разговор пак за Радио Ватикан кардинал Сандри зборува за нашата должност, секогаш, секоја година да се биде блиску со браќата христијани кои трпат во Светата Земја, на Блискиот Исток, но и оваа година – како што рече – таа наша должност треба да биде уште поголема поради посебно големото страдање на тоа подрачје.

Осврнувајќи се на силните повици на христијаните да не ја напуштаат Светата Земја, кардиналот напомена дека верува дека сето тоа страшно трпење кое го гледаме секој ден, сепак ќе биде просветлено со надеж за иднината, обновата и вистински христијански живот за сите наши Источни Цркви и сите христијански браќа, на која Црква и да припаѓаат, на католичката или православната. Поради тоа мислам дека нашата помош за Светата Земја, Блискиот Исток оваа година ќе биде поголема и полна со христијанска солидарност – напомена кардинал Сандри.

РВ/го*ко

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк.
Категорија: Свет

За авторот