Пет факти за катедралата „Нотр Дам“

Пет факти за катедралата „Нотр Дам“

Пламенот се појави недолго откако вратата на катедралата се затворила за посетители така што сите биле еваукирани на сигурно, иако целиот кров се сруши во црквата.

Катедралата „Нотр Дам“ во Париз често се нарекува „Царица на катедралите“

  1. Изградена е во текот на 182 години

Градењето на катедралата започнува во 1160 година, а завршена е речиси за два века. Главните работи на катедралата се завршуваат до 1260 година, а конечниот изглед го добива во 1345 година.

  1. „Нотр дам“ е домот на многу реликвии

Најпознатата реликвија која е сместена во париската катедрала е трновата круна за која се верува дека со неа Исус бил крунисан за време на своето страдање. Исто така во „Нотр дам“ е и дел од Христовиот крст и една од клинците користен при распнувањето, но и моштиите на многу француски светци. Првичните извештаии велат дека релимоштиитеквиите се спасени од пожарот.

  1. Катедралата не во сопственост на надбискупијата во Париз

Заради францускиот закон за секуларизација, француската влада всушност е сопственик на сите цркви изградени пред 1905 година вклучувајќи ја и „Нотр Дам“. Властите пак на надбискупијата во Париз бесплатно ги даваат на користење зградите и така ќе продолжат. Надбискупијата во Париз е одговорна за чувањето на црквите како и за плаќањето на вработените.

  1. Најпосетено место во Европа

Со 12 до 13 милиони посетители годишно, катедралата „Нотр Дам“ е најпосетеното место во цела Европа.

  1. Била и порано уништена

Додека пожарот во понеделникот сигурно е најголемото оштетување на катедралата „Нотр Дам“ сепак таа прв пат не поминала низ ваква структурална траума. Во Втората светска војна речиси сите стакла биле сокршени кога Париз бил бомбардиран, а Хугенотите уништиле слики и статуи во текот на XVI век.

За време на Француската револуција во 1789 година, „Нотр Дам“ е опљачкана и повторно посветена како „Божји дом“. Самата зграда тогаш била користена за складирање на вино. Но, Црквата повторно продолжила да ја користи од 1801 година.

Неделја/к.мк

 

Категорија: Вести, Свет
Ознаки Нотр Дам, Париз

За авторот