Невозможно е во името на Бог да се оправда било каков чин на насилство; дури тоа тешко навредува и противречи на духот на верата.
Во ерата во која преовладува искушението да се види на дело конфликт помеѓу христијанската и исламската цивилизација, повторно истакнавме дека е невозможно во името на Бог да се оправда било каков чин на насилство; дури тоа тешко навредува и противречи на духот на верата – рече папата Фрањо за време на Генералната аудиенција која ја одржа во Ватикан на 6 февруари 2019 година, фокусирајќи се на значењето на своето апостолско патување во Обединетите Арапски Емирати, од 3 до 5 февруари. Тоа беше кратко патување кое надоврзувајќи се на средбата од 2017 година во Ал-Азхар во Египет испиша нова страница во историјата на дијалогот помеѓу христијанството и исламот и во ангажираноста за промовирањето на светскиот мир врз основа на човечкото братство – истакна Папата.
За време на патувањето кое – како што рече Светиот Отец – му припаѓа на Божјите изненадувања, Папата и големиот имам на Ал-Азхар потпишаа во Абу Даби Декларација за човечко братство, која го потврди заедничкиот повик до сите луѓе како Божји синови и ќерки да бидат браќа и го осудува секој облик на насилство, а посебно тоа од верски причини.
Во ерата како што е нашата во која владее силно искушението на дело да се види конфликт помеѓу христијанската и исламската цивилизација, и во која религиите се сметаат за извори на конфликт сакаме да дадеме уште еден, јасен и одлучувачки знак дека наместо тоа дека е возможно да се среќаваме, почитуваме и да дијалогизираме, и покрај различните култури и традиции, христијанскиот и исламскиот свет ценат и штитат заеднички вредности како што се: животот, семејството, верското чувство, почитувањето на постарите луѓе, образованието на младите и многу други.
Првото апостолско патување на еден Папа на Арапскиот полуостров се случи 800 години по посетата на свети Фрањо на султанот Ал Малик Ал Камил. Во текот на тие три дена често мислев на „сиромашниот од Асизи“ – изјави папата Фрањо и нагласи, ми помагаше да го чувам Евангелието во своето срце, љубовта на Исус Христос. Додека ги доживував различните моменти од посетата во моето срце беше Христовото Евангелие, молитвата до Отецот за сите Негови деца, молитвата дијалогот помеѓу христијанството и исламот да биде решавачкиот фактор за мир во светот.
Папата им се заблагодари на сите што го примиле со голема љубезност и се присети на главните делови од патувањето: приватниот разговор со престолонаследникот и со Муслиманскиот совет на старешини и на меѓурелигиската средба во Меморијалниот центар шеик Зајед бин Султан Ал Нахјан, основачот на Обединетите Арапски Емирати. Декларацијата која ја потпишавме ќе се изучува во училиштата и на универзитетите во неколку земји – рече Светиот Отец и напомена, но и ја препорачувам да ја прочитате да ја запознаете затоа што дава силен поттик да се напредува во дијалогот за човечкото братство.
Папата потсети исто така и на средбата со милионите христијани кои живеат во Обединетите Арапски Емирати, кои се таму како работниците, со потекло од различни земји од Азија. Потсети на средбата во катедралата Свети Јосиф во Абу Даби и на светата Литургија на градскиот стадион во текот на која посебно се молеше за Блискиот Исток и за Јемен.
Имав можност да го поздравам деведесетгодишниот свештеник, кој прв дошол таму и основал многу заедници. Тој е во инавалидска количка, слеп, но насмевката на неговите усни не исчезнува, насмевка затоа што му служел на Господ и направил многу добро. Поздравив исто така уште еден деведесетгодишник, но тој оди и продолжува да работи, како и многу свештеници кои таму им служат на христијанските заедници од латински обред, сиро-малабарски, сиро-маланкарски и од маронитскиот обред, а доаѓаат од Либан, Индија, Филипните и од други земји – заврши Папата.
Ватикан њуз/к.мк