Латинскиот ерусалимски патријарх надбискупот Пиербатиста Пицабала во разговор за Радио Ватикан замоли „кога станува збор за Светата Земја празната реторика да се замени со конкретни гестови.“
По враќањето од 94 Генерално собрание на Унијата на дела за помош на Источните Цркви (ROACO) Пицабала се осврна на тој четиридневен собир во Рим, истакнувајќи дека исцрпно се занимавале со состојбата на Блискиот Исток и земјите како што се Етиопија, Ерменија и Грузија и „билансот е позитивен затоа што се донесени сосема конкретни одлуки.“
Политичкиот конфликт во Светата Земја веќе со децении предизвикува длабок јаз, а тензиите се заоструваат, што влијае негативно на соживотот во семејствата и човечките животи. Ако сакаме да и дадеме на Светата Земја иднина мора повторно да се воспостави доверба меѓу луѓето кои во неа живеат порача патријархот.
За тоа пак се неопходни конкретни гестови порача надбискупот Пицабала предупредувајќи дека не им требаат празни зборови затоа што премногу им е од та „најавувано и ветувано и ништо не се промени“. За повоторно да се изгради довербата потребни се конкретни дела кои навистина ќе ги променат човечките животи. Празната реторика е бесмислена и промашена, заврши латинскиот ерусалимски патријарх.
Ватикан њуз/к.мк