На Светскиот ден за стари лица, одекнуваат повиците на папата Фрањо да се грижиме за старите лица, не само за младите, затоа што тие се тие што ја поддржуваат културата на надеж и гарантираат опстанок на секоја земја, татковина и црквата
„Кога старите лица се запоставени, да го кажеме тоа без срам, се губи традицијата која не е музеј на стари работи, туку гаранција за иднината. Сокот од корените прави дрвото да расте, цвета и носи плод – рече папата Фрањо на литургијата во Домот на Света Марта, одекнувајќи како строг потсетник за Меѓународен ден на старите лица, воспоставен од страна на Обединетите нации во 1990 година, акој се слави на 1 Окотмври.. Постојат околу една милијарда луѓе во светот кои веќе имаат 60-годишна возраст. До 2030 година, нивниот број се предвидува да порасне за 400 милиони. Населението ќе расте бројно во Азија, а сепак ќе се намали во Африка.
Стареењето на населението ќе стане една од најзначајните промени во 21 век – предупредуваат Обединетите нации. Затоа е важно да се одбележи овој Светски ден, така што јавното мислење ќе стане чувствително на можностите и предизвиците на општеството кое се побргу старее, свесни за придонесите што старите луѓе ги даваат во општеството. За време на неговиот понтификат, папата Фрањо честопати изрази загриженост кон постарите лица преку зборови и конкретни гестови, потсетувајќи неколку пати дека и тој е стар и ги повикува сите да не го одвраќаат своето внимание од оние кои најмногу страдаат од болест, отфрлање и осаменост.
Постарите се корените, споменот на луѓето, богатството, мудроста и наследството на нашите заедници – честопати укажува Светиот Отец и напоменува: Колку пати постарите луѓе со напуштање се отфрлаат, што е вистинска и скриена еутаназија. Стариот човек не е странец. Стари луѓе, тоа сме ние; тоа ќе бидеме наскоро или по некое време, во секој случај не можеме да го избегнеме, дури и ако не размислуваме за тоа. Ако не научиме добро да се однесуваме кон постарите лица, така и другите ќе нè третираат. Желбата на Папата е да им се даде Нобеловата награда еднаш на стари лица кои го чуваат споменот на човештвото.
Нагласувајќи ги старите лица како чувари на традицијата и на некој начин нивната водечка улога, Обединетите нации исто така предупредуваат на нивната ранливост; многумина стануваат сиромашни, неподвижни и дискриминирани. Доколку подобрувањето на здравствената заштита го зголеми бројот на стари лица, и нивните потреби растат како што расте нивниот придонес во светот. Ова е причината зошто темата на годинешниот Светски ден за стари лица е „Патот до еднаквоста на возраста“, која има за цел да им овозможи на старите лица да учествуваат активно во социјалниот, економскиот и политичкиот живот и во сите форми на развој.
Нееднаквоста во возраста треба да се намали со цел на сите, без оглед на возраста, полот, подвижноста, етничката припадност, религијата и материјалниот статус, да се гарантира социјална вклученост, што е клучно за постигнување на целите на ООН за одржлив развој до 2030 година. Обединетите нации препорачуваат да се испитаат недостатоците што се појавуваат кај постарите лица заради нивната возраст, со цел да се отстранат; да се спроведат социјални политики кои го следат животниот век на луѓето; и да се негува културата која ја цени возраста и се бори против негативните стереотипи за староста.
Ватикан њуз/к.мк