Патер Ломбарди за текот на синодата: Потребна е подобра подготовка за брак (7.10.2014)

Потребна е подобра подготовка за брак, кој треба да гледа не како на цел, туку како на одење кон вечната цел, со цел вистински личен раст и раст во пар – беше еден од предлозите истакнат на 7 октомври на епископската синода посветена на семејството. На почетокот на работата извести патер Ломбарди, директор на Канцеларијата за печат на Светиот Престол – дадена е исто така важна најава.

Блискиот Исток е на срцето на Црквата. Затоа за комплексната состојба на тој измачен простор ќе биде посветен разговорот на 20 октомври. Имено, најавено е по желба на Светиот Отец на 20 октомври – за кога веќе е предвидена конзисториумот за постапка за прогласување на свети – тој конзисториим да ја прошири својата тема и сите кардинали и патријарси кои ќе бидат присутни да разговараат за состојбата на Блискиот Исток, на основа на материјалите и заклучоците од средбата на нунциите одржани минатата недела – рече патер Ломбарди.

Во излагањата се зборувало за различни теми. Посебно е истакната потребната обнова на начините на изразувањето во навестувањето на Евангелието, односно начините кои Црквата треба да ги користи за да даде одговори и во тоа да биде разбирлива. Друга важна работа за која што се зборувало во повеќе излагања е почитување на постепеноста, односно фактот дека постои пат по кој на христијанските верници им се приближуваат идеалот на христијанските семјства и христијанскиот брак во преставувањето на црковното учителство.

. Посебно би сакал да истакнам едно – рече патер Ломбарди – а одговара со она што го вели Вториот Ватикански Собор. Црквата во потполност постои во Католичката Црква, но има и други вредни и важни фактори за посветување и надвор од Католичката Црква. Така може да се размислува за фактот дека постои потполно, идеално гледање на бракот и христијанското семејство, но има и апсолутно вредни и важни фактори за посветување и вистинска љубов кои можат да постојат и тогаш кога не се постигнува во потполност тој идеал.

Многу синодски оци зборуваа за важноста за промовирање на подобро и подлабоко познавање на црковното учителство, кое што често не се познава доволно – кажа потоа патер Ломбарди и додаде дека затоа тоа се однесува и на аспектите на катехезите и подготовката за брак. Но – додаде – не само во моментот на подготовката за брак, туку во континуитет во сите периоди на христијанскиот живот.

Синодските оци разговара и за семејствата кои живеат на простори и земји измачени од тензии и конфликти. Интересни беа бројните излагања кои ги покажуваа различните состојби кои постојат во Црквата – рече патер Ломбарди. Посебно беа трогателни излагањата за тешкотиите на семејствата на просторите каде што се водат конфликти. Секако, се зборуваше за состојбата на Блискиот Исток, но, се спомнати и други случаи како на пример оние конфликти на југоистокот на Европа и нивното влијание врз животот на семејствата; проблемите на миграцијата и тешкотиите предизвикани од таквите прилики.

Во повеќето излагања беше истакнато дека на паровите во тешкотии и разведените и повторно венчаните, Црквата не треба да даде суд, туку вистина и тоа со разбирање. И посебно во светот во кој е големо влијанието на масовните медиуми во претставување на идеологијата која се противи на христијанската наука, Црквата треба силно да ја пружи својата наука.

Други важни теми за кои се зборуваше се однесуваа на делови од Евангелието и на свети Павле, во кое се зборува за неразрешливоста на бракот и не се става во сомнеж дека тоа се однесува на Исусовата волја и порака, но веќе во Новиот Завет се гледаат тешкотиите за кои – веќе во времето на првата Црква – требало да се води сметка во толкувањето, во примената на Исусовата волја. Тоа не беше кажано за да се дојде до посебни заклучоци, туку да се каже дека проблемот на примената на радикалната потреба на Евангелието ја следи целата историја на Црквата – рече патер Ломбарди.

Зборувајќи за различни конкретни случаи, во бројни излагања се дават совети, објаснувања за пасторалот со семејствата, во службата за подготовка за семејство, за следење на паровите или семејствата во тешкотии. Темата за следење – на начин што оној кој е во неволја да не се почувствува отфрлен или напуштен, туку да ја почувствува љубовта и вниманието на Црквата – се слушна во бројни излагања – рече директорот на Канцеларијата за печат на Светиот Престол.

Во текот на расправата беше истакнато дека брачните парови треба постојано да се следат на нивниот животен пат и тоа низ силно душогрижништво за семејството. Не треба да се гледа само на помош во случаи на пропаѓање на бракот, туку и на условите кои го прават вреден и плоден. Во тоа е многу важна добрата подготовка за брак.

Важно е да се утврди дека постојат потребните услови за брак – рече патер Ломбарди. Важно е да биде и доволно барањето во прифаќањето на паровите кои сакаат верски брак, црковен брак, и не треба да се плашат од премногу барања бидејќи очигледно е ако парот премногу лесно се венча без потребните претпоставки тогаш е разбирливо дека има многу семејства кои се распаѓаат како и бракови кои влегуваат во криза – рече патер Ломбарди.

РВ/ДИ.

Категорија: Ватикан

За авторот