Парохискиот Каритас при парохијата „Свети Кирил и Методиј“ од Богданци на 26 октомври 2024 година реализираше уште една акција за лицата во потреба, донирајќи алишта на ЈУ Специјален завод – Демир Капија.
Парохиски Каритас изразува голема благодарност до сите оние кои донираа, истакнувајќи дека успешноста на акциите кои ги спроведува зависат единствено од подготвеноста на луѓето да даруваат и во оваа прилика искажуваат благодарност до сите донатори со желба и молитви Господ Бог да ги награди за нивната добрина – изјави отец Тома Ангелов, парох во Богданци.
Донацијата беше прифатена со голема радост од страна на заводот, истакнувајќи за постојаната потреба на оваа институција од донации, но и гестови за солидраност и близина од граѓани и организации.
Акцијата на парохијата „Свети Кирил и Методиј“ од Богданци за собирање на облека продолжува.
к.мк