Папата ќе учестува на конгресот на движењето Обнова во Светиот Дух
На 37 по ред Конгрес нa движењето Обнова во Светиот Дух, кој ќе се одржи на 1 и 2 мај во Рим, ќе учествува и папата Фрањо.
Присуството на папата Фрањо на Олимпискиот стадион во Рим каде што ќе се соберат 50.000 верници од Италија и целиот свет го потврди Салваторе Мартинез, одговорен на движењето во Италија.
„Многу сме радосни. Сите знаеме за отвореноста, едноставноста и слободата кои го карактеризираат папата Фрањо и неговиот понтификат. Уште во Аргентина тој учествуваше на средби на движењето Обнова во Светиот Дух, самиот тој ми говореше за тоа кога се сретнавме четири дена по неговиот избор за Папа. Сепак морам да признаам дека не очекував да се одлучи да учествува на нашата средба. Овој понтификат дефинитивно значи мисионерско излегување на Црквата во светот. А тоа бара конкретни гестови, сведоштва и луѓе. И тоа сакаме да го оствариме. Секој од нас мора да оди и да навестува“, рече Мартинез.
РВ/го*ко