На 10 ноември 2018 година папата Фрањо ги прими во аудиенција учесниците на Генералното собрание на Папскиот одбор за меѓународните евхаристиски конгреси.
Одржувањето на Евхаристискиот конгрес во 2020 година во еден модерен и мултикултурен град како што е Будимпешта, значи да се шири „евхаристиската култура“, односно начинот на размислување и делување заснован на светата Тајна кој е забележлив и надвор од црковната припадност – рече папата Фрањо на учесниците на Генералното собрание на Папскиот одбор за меѓународни евхаристиски конгреси, кои ги прими во аудиенција на завршетокот од нивниот собир.
Европа очекува нова евангелизација
Поздравувајќи го претседателот на одборот надбискупот Пиер Марини и делегацијата од унгарскиот одбор на чие чело е надбискупот на Будимпешта Петер Ердо кој го организира конгресот која ќе се одржи од 13 до 20 септември 2020 година, Папата потсети дека христијанските заедници во Европа денес очекуваат нова евангелизација, способни да се соочат со секуларизираната модерност и со глобализацијата која би можела да ги избриши особеностите на богатата и разнолика историја.
Да се шири начинот на размислување заснован на Евахаристијата
Затоа запраша што значи да се одржи евхаристиски конгрес во модерен и мултикултурен град во кој Евангелието и облиците на верската припадност станаат споредни и истакна дека тоа значи да соработуваш со Божјата милост преку молитва и делување да се шири „евхаристиската култура“ односно начинот на размислување и делување заснован на светата Тајна, но кој се забележува и надвор од црковната припадност.
Во чинот на прекршениот леб станува Господово тело
Во Европа која – како што рече Папата – боледува од рамнодушност и која е исполнета со поделби и затвореност, христијаните пред сè од недела во недела го обновуваат едноставниот и силен гест на својата вера. Се собираат во Господовото име признавајќи се за браќа. И така се повторува чудото. Во слушањето на Словото и во чинот на прекршениот леб и најмалата и најпонизната група на верници станува Господово тело, негова Дарохранителница во светот – истакна Папата. На тој начин Евхаристијата може да поттикне на однесување кое ја остварува евхаристиската култура, како што се заедништво, служење и милосрдие.
Да им се помогне на верниците да комуницираат со Христос присутен во светата Тајна
Заедништво, затоа што славењето на споменот на Господ во Евхаристијата бара и се темели на заедништвото со Него и на заедништвото со верниците меѓу нив – објасни Светиот Отец и додаде: Предизвикот на евхаристискиот пасторал значи да им се помогне на верниците да комуницираат со Него Кој е присутен во светата Тајна за да живеат во Него и со Него, и тоа во љубов и послание. Моментите на евхаристиско богопочитување надвор од светата Литургија како што е Евхаристиското обожавање, нè учи да не го оделуваме Христос – Главата од неговото Тело односно светотаинското заедништво со Него од она со неговите органи и од мисионерското ангажирање.
Служење на невработените, болните и мигрантите
Служење, затоа што учествувајќи во судбината на Исус слугата, евхаристиската заедница станува „служителка“, тело жртвувано за мноштвото. Враќајќи се секоја недела во салата на Последната вечера, крилото на Црквата каде Исус им ги измил нозете на своите ученици – потсети папата Фрањо – христијаните служат заради Евангелието, влегувајќи во местата на слабостите и крстот за да учествуваат и да лекуваат.
Има многу ситуации во Црквата и во општеството на кои треба со духовните и телесните дела да се излие утехата на милосрдието: тие се семејствата во тешкотии; невработените млади и возрасни; болните и осамените стари лица; изморените; подложените на насилство и одбиените мигранти и други сиромаштва. Христијаните така ја сеат евхаристиската култура – рече Папата – станувајќи служители на сиромашните, и тоа не во име на некои идеологии, туку во име на самото Евангелие кое станува животно правило на поединци и заедници, за да се сведочи непрекинатата низа светци и светици на љубовта.
Реката на бедата ја запира океанот на милосрдието
И на крајот милосрдие, затоа што Евхаристијата го враќа на површина овој збор кој речиси е отстранет од речникот на сегашната култура – рече Папата. Сите се жалат заради реката на бедата која тече во искуството на нашето општество. Станува збор за големиот број облици на страв, угнетување, ароганција, злосторства, омраза, затвореност, негрижа за животната средина… Сепак, христијаните секоја недела почувствуваат дека таа надојдена река не им може ништо во однос на океанот на милосрдието кое го преплавува светот. Милосрдието така влегува во жилите на светот и придонесува за градење на сликата и структурата на Божјиот народ кој одговара на модерното време – рече Светиот Отец.
Од Лил 1881 до Будимпешта 2020 година; 139 години конгреси
Следниот меѓународен евхаристиски конгрес кој ќе биде 52 по речиси 140 години од оној одржан во Лил, повикува на упатување на тој пат на новоста и преобраќањето – рече папата Фрањо – потсетувајќи дека во центарот на црковниот живот е евхаристијата. Таа е воскресно таинство способно позитивно да влијае на поединецот кој е крстен, но и на земскиот град во кој се живее и работи.
Нека евхаристискиот настан во Будимпешта поттикне во христијанските заедници процеси на обнова, спасението чиј извор е евхаристијата, да се претвори и во евхаристиска култура која може да ги вдахновува мажите и жените со добра волја на подрчјето на милосрдието, солидарноста, мирот, семејството и грижата за создаденото – посака на крајот папата Фрањо.
Ватикан њуз/к.мк