Папата Фрањо упати видео порака во пресрет на неговата посета на Македонија

Папата Фрањо упати видео порака во пресрет на неговата посета на Македонија

По повод Апостолската посета на Македонија папата Фрањо во сабота 4 мај 2019 година упати видео порака која ја пренесуваме.

 

Драги браќа и сестри од Северна Македонија,

преку оваа кратка порака, сакам да ги искажам радоста и пријателството  што ги чувствувам кон вашиот народ и кон црквата што постои во вашата земја.

Откако вашата земја стана независна, Светиот Престол сакаше со вас да воспостави пријателски и дипломатски односи. Денес, повеќе од кога било, има потреба и во Европа, и во целиот свет, да се развива култура на излегување во пресрет, култура на братство, и јас ќе дојдам меѓу вас, да го посеам ова семе. Сигурен сум дека вашата земја е добра, дека ќе го прими ова семе и ќе добие плодови.

Всушност, посебната убавина на вашата земја, се должи на различните култури, етнии и религии што живеат во неа. Секако дека соживотот не е секогаш лесен, го знаеме тоа, но вреди да се вложи тој напор, бидејќи најубавите мозаици се тие што имаат многу бои.

Мојата посета ја посветувам и на една голема светица, ќерка на вашата земја, Мајка Тереза, родена и израсната во Скопје, која преку благодатта Божја, стана храбра мисионерка на Христовата милост во светот, давајќи утеха и достоинство на најсиромашните меѓу сиромашните.

Драги пријатели, да ја подготвиме нашата средба со молитва дека ќе биде исполнета со мир и секое добро за целиот ваш народ.

Бидете од Бога благословени!

Категорија: Вести, Македонија

За авторот