Ватикански прес-центар потврди дека на 5 февруари 2018година турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ќе биде примен на аудиенција од папата Фрањо. Средбата ќе се одржи во Апостолската библиотека и ќе биде од приватен карактер.
Папата Фрањо и Ердоган се сретнаа во ноември 2014 во Анкара за време на апостолска посета на Светиот Отец во Турција, а кон крајот на минатата година турскиот претседател изрази желба да го посети Ватикан без да прецизира конкретен датум.
На 29 декември минатата година, во телефонски разговор со папата Фрањо, Ердоган ја истакна својата загриженост од одлуката на американската администрација да ја премести американската амбасада од Тел Авив Во Ерусалим.
Последен турски претседател кој го посетил Ватикан е Села Бајар, кој беше примен од Иван XXIII – поранешен апостолски нунциј во Турција од 1934 до 1943 – кога сѐ уште не постоеја билатерални дипломатски односи меѓу Турција и Светиот Престол, кои официјално се склучени во 1960.
РВ/к.мк