Во вторник, 5 септември 2023 година, Светиот Отец ја посети ватиканската Дикастерија за наука на верата и му се заблагодари на кардиналот Луис Франциско Ладарија за неговата посветена работа во текот на неговите години како префект.
Папата Фрањо за помалку од 24 часа по слетувањето во Италија по завршувањето на Апостолското патување во Монголија, ја посети ватиканската Дикастерија за наука на верата.
Директорот на Канцеларијата за печат на Светиот Престол, Матео Бруни, објави соопштение во кое се наведува дека Светиот Отец во вторник наутро, кратко после 9 часот, ја посетил ватиканската Дикастеријата, каде што се сретнал кардинал Луис Франциско Ладарија и му се заблагодарил за негова работа во годините кои ги помина како префект на Дикастеријата. По средбата со кардиналот Ладарија, Светиот Отец ги поздрави вработените во Дикастеријата за наука на верата.
Новоизбраниот кардинал Виктор Мануел Фернандез од Ла Плата, Аргентина, ќе го наследи 79-годишниот кардинал Ладарија.
Ватикан њуз/к.мк