Папата Фрањо: Христијанската љубов е понизна

Ватикан, 8.4.2013 /к.мк/ – За еден христијанин, да „напредува“ значи да се „понижува“ да се појде на патот на понизноста со цел да се истакне Божјата љубов. Ова беше главната мисла, дефинирана од страна на папата Фрањо како „златно правило“, со која ова утро ја започна проповедта за време на светата Литургијата во капелата на домот Света Марта. На литургијата меѓу другите присуствуваа и вработените во Ватиканскиот телевизиски центар, вработени во Радио Ватикан бразилска секција, долгогодишниот фотограф на Папата Артуро Мари, како и некои сестри од заедницата на „Сестри на милосрдието“ кои ги обновија своите завети.

Патот за воздигнување е преку понизноста. Тоа е патот на христијанската понизност, што издигнува кон Бог толку колку што оној што ја сведочи знае да „се понизи“ за да направи место за Неговото милосрдие. Патот што го поминуваат Марија и Јосиф до Витлеем, за да ја исполнат заповедта на императорот е еден пат на понизност. Понизна е Марија, која иако „не сфаќа добро ја става својата душа во рацете на Божјата волја“. Понизен е и Јосиф, кој „се понижува“ за да ја понесе врз себе „големата одговорност“ на свршеницата која очекува дете. „Таква е целата Божја љубов. За да стигне до нас го избира патот на понизноста“, посочи Папата.

За еден христијанин, продолжи Светиот Отец, златното правило гласи: „напредување, издигнување и понижување“. „Не е можно да се оди во спротивен правец. Ако јас не се понижам, ако ти не се понижиш, не си христијанин“.

Значи, „да се биде понизен не значи да се оди по патот со спуштени очи“. Не беше таква Исусовата понизност, ниту таа на Богородица или на Јосиф. Со истакнување на патот на понизноста се носи целото Божјо милосрдие на овој пат, што е единствениот кој Тој го има избрано. Исто така и „Триумфот на Воскресението“ го следи овој пат, „триумфот на христијанинот“ го следи „патот на понижување“.

На крајот заврши Папата: „Да измолиме милост на понизноста, но на онаа понизност низ која сигурно поминува милосрдието, бидејќи ако нема понизност, љубовта останува блокирана, не може да напредува“.

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

<