Папата Фрањо: Улогата на жената во семејството е незаменлива

Треба да се зголеми присутноста на жената во јавниот жвиот, одржувајќи ја незаменливата улога на жената во семејството, истакна папата Фрањо на 25 јануари, примајќи ги во аудиенција членовите на Италијанскиот ценат за жени, по повод 70 години од нивното формирањето. Освен тоа Папата посака да се прошири одговорноста на жените на црковно и граѓанско подрачје.

Црквата ја признава моралната и духовната сила на жената – го започна својот говор Светиот Отец, потсетувајќи на тоа што е истакнато на Вториот ватикански сопбор, и она што Иван Павле II силно го потврди во Апостолското писмо „Достоинството на жената“ (Mulieris Dignitatem). Папата Фрањо истакна дека улогата на жената во последните неколку декади, како во семејството, така и во општеството доживеа големи промени и потсети на големиот допринес на жената во општеството, посебно поради нејзината чувствителност кон најслабите.

Многу ме весели да гледам бројни жени земаат учество во пасторални активности заедно со свештениците, и тоа преку грижа за поединецот, семејство и група, како и во теолошкото размислување – рече Светиот Отец и додаде: Посакувам да се прошири просторот за поживо и посилно женско присуство во Црквата.

Освен тоа што Светиот Отец посака да се зголемат средините на одговорност за жените, додаде дека не може да се заборави незаменливата улога на жената во семејството. Даровите на грижливост, лична чувствителност и нежност, со кој е богат женскиот дух, не само што се вистинска сила за живот во семејството, за ширење на мирно и складно расположение, туку и реалност без кој човечкиот повик би бил неостварлив – истакна Папата.

Ако во светот на работата и јавниот живот е важен допринесот на женските гени, во семејството тој допринес е неизбежен – рече Папата и објасни: За нас христијаните тоа не е едноставно приватно место, туку „домашна Црква“, чие здравје и благосостојба е услов за здравје и благосостојба на Црквата и самото општество. Да погледнеме на Богородица… рече папата Фрањо. Богородица во Црквата создава нешто што не можат да го направат свештениците, епископите, папите. Таа поседува вистински женски гени, зарем не? – истакна Папата и додаде: Да мислиме на Богородица во семејствата… На она што Богородица го прави во некои семејства. Присуството на жената во куќната средина, значи се покажува дека е многу потребно и тоа за пренесување на идните генерации, цврсти морални начела и за самото пренесување на верата.

Како е можно, праша Папата – да се расте во делотворна присутност на бројни подрачје во јавниот живот, во светот на работата, таму каде што се донесуваат најважните одлуки и истовремено да се задржи најголемата и посебната присутност во семејството и за семејството? Тоа подрачје е за размислување – рече Светиот Отец. Освен размислувањето за улогата на жената во општеството, потреба е ревна и постојана молитва. Токму во разговорот со Бог, просветлени со неговото Слово, натопени со благодатта на светите Тајни, христијанската жена секогаш одново настојува да одговори на Господовиот повик, во својот конкретен живот. Во тоа нека ви помогне застапништвото на Богородица, нејзината присутност нека ви го покаже патот по кој треба да одите за да ја продлабочите улогата и значењето на жената во општеството, и да бидете потполно верни на Господ, рече на крајот Светиот Отец.

РВ/го*ко

1324

Категорија: Ватикан

За авторот