Преку видео порака, папата Фрањо духовно се приклучи на сцената на заедницата „La Caminata 2021“, иницијатива на Каритас Аргентина организирана во рамките на институционалниот процес што се одвива на секои три години. „Тоа е искуство да се ставиме надвор, да се слушаме и да разбереме како да сакаме и да служиме поконкретно според времето и околностите“, со тие зборови им се обрати Светиот Отец на учесниците.
Папата Фрањо во среда 25 август испрати видео порака до волонтерите на сите Каритас организации (парохиски, епархиски и национални) во Аргентина, духовно приклучувајќи се на започнувањето на заедничката сцена „La Caminata 2021“ иницијатива организирана во рамките на институционалниот процес што се одвива на секои три години.
Поздравот на Папата
Во видеото Светиот Отец ги поздравува сите учесници на „„La Caminata 2021“ кој тој го дефинира како синодален процес:
„Тоа е искуство да се ставиме надвор, да се слушаме себеси и да разбереме како да сакаме и да служиме поконкретно според времето и околностите, пред сѐ гледајќи ги знаците на времето и местата“, вели папата Фрањо.
“Ви посакувам се најдобро, Господ нека биде со вас и ве молам не заборавајте да се молите за мене. Ви благодарам”, завршува Папата.
Два процеси на Ла Каминаната
Од своја страна, Каритас Аргентина објаснува дека „La Caminata“ има два процеси:
Од една страна, поклонението со иконата на Дева Марија и Јосиф со Детето низ секој регион и секоја епархија, патувајќи низ градови и заедници ја „буди радоста и надежта што се раѓаат од народната вера која поттикнува на сведоштво и посветеност“, а сега патува по аргентинскиот брег.
А од друга страна, пасторалното размислување на секоја заедница што доведува до предлози и примери „кои ни помагаат да ги препознаеме знаците што Бог ги дава на секое место и да продолжиме да ги продлабочуваме уште повеќе пасторалните упатства за љубов кон Црквата. “
Сите сме поканети да учествуваме
„Овој синодален процес нѐ обединува со целата Црква во Аргентина, со Црквата во Латинска Америка (и нејзиниот процес на црковно заедништво) и со Универзалната црква“, се вели во соопштението, потсетувајќи дека сите сме поканети да учествуваме: „Секоја капела , парохија, регионски тим, епархиски или национален тим“.
И во сето ова – стои на крајот од соопштението – нѐ придружуваат пастирите. „Папата Фрањо се придружува на оваа патување, охрабрувајќи нѐ со својата блискост и монсињор Карлос Хозе Тисера, бискуп и претседател на Каритас Аргентина, кој нѐ охрабрува и поттикнува на ова патување на посветеност кон социјалната димензија на нашата евангелизациска задача за да ја преобразиме реалноста“.
Ватикан њуз/к.мк