Папата Фрањо: Пред да станам свештеник работев како обезбедување низ клубовите
Во својата младост папата работел како обезбедување во клубови низ Буенос Аирес, а тоа им го откри на верниците од парохијата Свети Кирил Александриски во Рим, со кои се сретна и неформално разговара во недела 1 декември за време на посетата на таа парохија, објави Осерваторе Романо (L’Osservatore Romano).
Папата помина околу четири часа во разговор со парохјаните, а со нив се сретна пред и после светата Литургија која ја служеше во таа црква. Тогаш им го откри и тој интересен дел од својата биографија за кое досега не се знаеше. Како тинејџер Папата има работено во хемиска лабараторија и тоа го спомнуваат и неговите биографи, но дека работел и како обезбедување е само уште едно откритие од неговиот интересен живот.
За време на посетата во парохијата папата Фрањо се сретна со деца и одговараше на нивни прашања. Така им кажа дека „никогаш не сонувал дека ќе стане Папа“, дека своите денови ќе ги поминува во работа и молитва, и дека бил „малку нервозен кога ја служел својата прва света Литургија како Папа“
Битно нет /го*ко