Единствениот вистински опис на Исус е „Син Божји“

Единствениот вистински опис на Исус е „Син Божји“

На празникот на светите апостоли Петар и Павле, заштитници на Рим, папата Фрањо на 29 јуни 2018 година ја предводеше пладневната молитва Ангел Господов и потсети на улогата на првиот Папа во обликувањето на христијанскиот идентитет.

Голем пророк за праведност и љубов, мудар учител на животот, револуционер, сонувач за Божјите сонови. Има многу толкувања, кои светот ги дава за Исус низ вековите, но единствено она на Петар денес се истакнува, едноставно и јасно – рече Папата.

Исус е Син Божји; затоа Тој е вечно жив како што е вечно жив и неговиот Отец. Тоа е новоста која милоста го зажарува срцето, кое се отвора за Исусовото таинство; не станува збор за математичка сигурност, туку уште посилна, внатрешна, затоа што го сретна изворот на Животот, самиот овоплотен живот, видлив и допирлив меѓу нас – истакна Светиот Отец.

Петровата вистина

На денот кога ходочасничката Цкрва во Рим и во целиот свет се спомнува на своите корени на верата и ги слави апостолите Петар и Павле, Папата се осврна на две прашања кои Исус ги постави на учениците: „За кого Ме мислат луѓето – Мене, Синот Човечки?” и „Вие, за кого Ме мислите?” Изгледа Исус со овие две прашања сака да каже дека е една работа да се наследува општото мислење, а друго е да се сретне Него и да се отвори на Неговото таинство; имено, таму се сокрива вистината. Општото мислење – објасни Светиот Отец – содржи вистински одговор, но е делумен. Петар, а со него и Црквата вчера, денес и секогаш, преку милоста Божја одговара со вистина: „Ти си Христос, Синот на живиот Бог.”

Исус тогаш прв пат го изговара зборот Црква

Но и Исусовиот одговор е полн со светло – рече Папата – „Ти си Петар и на тој камен ќе ја изградам црквата Своја“. Исус прв пат го изговара зборот Црква и тоа го направи за да ја искаже својата љубов кон неа, нарекувајќи ја „црквата Своја“. Тоа е новата заедница на Сојузот, која повеќе нема да се темели на потеклото и Законот, туку на верата во Него, во Исус, во Божјото лице.

Поздрав до новите кардинали и надбикскупи

Откако папата Фрањо ја измоли молитвата на блажениот Павле VI и упати молитвата до Господ за застапништвото на Марија, посака Господ да даде на Црквата, во Рим и во целиот свет, секогаш да биде верна на Евангелието. Светиот Отец ги поздрави новите кардинали, кои вчера ги вброи во Кардиналскиот колегиум, како и надбискупите митрополити, чиј што палиуми ги благослови, посакувајќи им својата служба на Еванеглието и Црквата секогаш да ја живеат со занес и несебично. Посебен поздрав Светиот Отец упати на делегацијата која дојде во Рим во   екуменскиот патријархат ‘драгиот брат Вартоломеј’ – како што рече Папата – а потоа на празникот на нивните свети заштитници ги поздрави и римските верници.

Ватиканњузк.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот