Папата Фрањо за време на светата Литургија во домот „Света Марта“ молеше за вработените во средствата за јавно информирање, да помагаат на луѓето како не би се чувствувале изолирани. Папата во проповедта потсети дека Исусовиот ученик е слободен, човек со традиција и новости, затоа што дозволува да го води Светиот Дух, а не идеологиите.
Денес би сакал да молам за вработените во средствата за јавно информирање, да помагаат на луѓето да не се чувствуваат изолирани, да помагаат во воспитувањете и образованието на децата и посебно да се поднесе ова време во кое сме затворени – рече папата Фрањо за време на светата Литургија на 1 април 2020 година.
Осврнувајќи се на евангелието од Литургијата, во која Исус им вели на Јудејците: Ако вие останете при Моето слово, навистина ќе бидете Мои ученици; и ќе ја познаете вистината, и вистината ќе ве ослободи.” Папата истакна да се биде Исусов ученик значи да се препуштиме Светиот Дух да нè води, да се биде слободен, човек со традиција и новости, кој никогаш не подлегнува на идологиите.
Овие денови Црквата ни дава да ја слушаме 8 глава од Еванелието според Иван во кое се зборува за многу жестока расправија помеѓу Исус и книжниците, рече Светиот Отец и додаде: Посебно се обидува да се покаже сопствениот идентитет и оној на книжниците. Исус ги притиснал книжниците во ќош, покажувајќи на нивните спротивности. И на крајот не најделе друг излез освен навреда. Ова е една од најтажните страници; тоа е богохулство. Ја навредија Исусовата мајка.
Но зборувајќи за идентитетот, на Јудејците кои верувале Исус им рекол и советувал: „Ако вие останете при Моето слово, навистина ќе бидете Мои ученици“. Навистина ќе бидете Мои ученици, Исус го кажал тој збор „останете“, која му е мил и која го повторува повеќе пати, па и на последната вечера: „Останете во мене“ – цитираше Папата и напомена: Рече останете. Останете во Господ. Не рече, добро учете, научете добро да објаснувате. Тоа го подразбирал, но упатувал на она поважното, на она што е најопасно во животот, а тоа е да не се остане во Него.
„Останете при Моето слово“. Оние кои остануваат при Исусовото Слово имаат христијански идентитет, а тоа е: „Навистина сте мои ученици“ – рече Ппаата и предупреди: Христијанскиот идентитет не е документ со кој се вели: Јас сум христијанин, не е лична карта, туку училиште на Исусовите ученици. Ако останеме при Господ, во Негвото Слово и живот, ќе бидеме Негови ученици. Ако не останеме, ќе останеме ќе бидеме како оние на кои им се допаѓа Исусовата наука, кои го следат Исус, прават многу милосрдни дела, кои се многу добри и кои имаат вистински вредности, но училиштето на Исусовите ученици е вистинскиот христијански идентитет.
Училиштето на Исусовите ученици ќе ни даде слобода – рече Светиот Отец и истакна: Ученикот е слободен човек, затоа што останува при Господа. Да се остане при Господ значи да се дозволи да нè води Светиот Дух. Ученикот дозволува да го води Светиот Дух и затоа секогаш е слободен, човек со традиција и новости. Никогаш не е подложен на идеологиите и науката за која може да се дискутира, останува при Господ. Кога пееме на Светиот Дух, велиме дека е гостин на душата, која живее во нас. Но, тоа е така, само ако ние остануваме при Господ.
Го молам Господ да ни даде мудрост да останеме во Него и да ни овозможи тесен однос со Светиот Дух кој ни дава слобода. Тоа е помазанието. Кој останува при Господ е ученик кој го прими помазанието на Светиот Дух и го носи понатаму. Тоа е пат на слобода и живот, кои Исус ни ги покажува. Училиштето на Исусовите ученици е помазанието кое го примаат оние кои останале при Господа. Нека Господ ни помогне тоа да го сфатиме, затоа што не е лесно. И книжниците не сфатиле и тоа не може да се разбере со глава. Таа мудрост од помазанието на Светиот Дух со што стануваме Исусови ученици, се разбира со глава и срце – рече на крајот папата Фрањо.
Ватикан њуз/ к.мк