Папата Фрањо: Кој служи на вистината му служи на Христос

Ватикан, 23.6.2013 /к.мк/ – Водејќи се од главната мисла на неделното Евангелие „Кој сака да ја спаси душата своја, ќе ја изгуби; а кој ја загуби душата своја заради Мене, тој ќе ја спаси“, папата Фрањо говореше за христијанските маченици, кои го даваат својот живот поради својата вера во Христос. Денес има повеќе маченици, истакна папата Фрањо во својот говорот пред молитвата Ангел Господов во неделата 23 јуни на плоштадот Свети Петар.

****************************************

Драги браќа и сестри, добар ден!

Во светото Евангелие за оваа недела оддекнува една од најсилните реченици на Исус: „Кој сака да ја спаси душата своја, ќе ја изгуби; а кој ја загуби душата своја заради Мене, тој ќе ја спаси“ (Лука, 9,24).

Тоа е содржината на Исусовата порака и е изразен со многу делотворен парадокс, кој ни помага да го запознаеме неговиот начин на говорење, како да ни дава да го почувствуваме неговиот глас…

Но што значи „да се изгуби животот поради Исус“? Тоа може да се случи на два начина: директен начин – исповедувајќи ја верата и индиректно – бранејќи ја вистината. Мачениците се најголем пример за давање на животот за Христос? Во две илјади години долгата историја безбројна чета на мажи и жени ги жртвуваат своите живот за да останат верни на Исус Христос и неговото евангелие. И денес, во многу делови од светот, постојат многу луѓе – повеќе отколу во првите векови – многу маченици, кои го даваат својот живот за Христос, кои подготвени влегуваат во смрт само да не се откажат од Исус Христос. Тоа е нашата Црква. Денес имаме повеќе маченици, отколку во првите векови. Но постои и секојдневно мачеништво, кое не вклучува умирање, но и тоа е еден вид „губење на животот“ поради Христос, кое се оствраува исполнувајќи ги своите обврски и должности со љубов, спрема логиката на Исус, логиката на дарување, на жртва. Да помислиме само: колку мајки и татковци секојдневно со дела ја живеат својата вера давајќи го со конкретен начин сопствениот живот за доброто на семејството. Да помислиме на нив! Колку свештеници, монаси и монахињи великодушно ја вршат својата служба за царството Божјо! Колку млади се откажуваат од сопствените интереси за да се посветат на децата, инвалидите, старите… И тие се маченици! Секојдневни маченици, маченици на секојдневието!

Пота има многу лица, христијани и нехристијани, кои го „даваат својот живот“ за вистината. А Христос рече: „Јас сум вистината“, значи оној кој служи на вистината му служи на Христос.

Еден од тие, кој својот живот го дава за вистината е Иван Крстител. Токму утре, 24 јуни е неговиот празник, празник на неговото раѓање. Иван е избран од Бог да го подготви патот за Исус, и на израелскиот народ му го покажа Месијата, Јагнето Божјо, кое ги зема гревовите на светот (сп. Иван 1,29). Иван се посвети целиот на Бог и Исус, кој што го прати. Но на крајот, што се случи? Умре заради вистината, кога јавно проговори за прељубата на кралот Ирод и Иродијада. Колку многу луѓе плаќаат скапо поради тоа што се заземаат за вистината! Колку многу чесни луѓе со задоволство одат против струјата, само за да не се оглушат на гласот на совеста, гласот на вистината! Тоа се чесни луѓе, кои не се плашат да одат против струјата! И ние не би смееле да се плашиме! Меѓу нас има многу млади. На вас младите ви велам: не плашете се да одите против струјата, кога некој сака да ни ја украде надежта, кога ни предложуваат вредности кои се штетни и разорни, вредности кои се како расипано јадење, а кога јадењето е расипано, од него ни станува лошо; тие вредности ни прават зло. Мораме да одиме против струјата! А вие, младите, бидете први во тоа: одите против струјата и бидете горди што пливате против струјата. Напред, бидете храбри и одете против струјата! И бидете горди!

Драги пријатели, со радост да ги прифатиме тие зборови на Исус. Тоа е правило за живот кое ни е предложено на сите. Иван Крстител нека ни помогне да го спроведеме во дело.

На тој пат, како и секогаш претходи нашата Мајка, Пресвета Богородица: таа го изгуби својот живот поради Исус, сѐ до крстот и го прими во полнина, со целата светлина и убавина на воскресението. Марија нека ни помогне сѐ повеќе да ја прифаќаме логиката на Евангелието.

По завршувањето на молитвата Ангел Господов

Добро запамтете: не плашете се да одите против струјата. Бидете храбри! И така како што не сакаме да јадеме расипано јадење, да не бидеме и носители на тие вредности кои се разорни и кои го уништуваат животот и ја одземаат надежта. Само напред.

Срдечно ги поздравувам; семејствата, парохиските групи, здруженија, училишта. Ги поздравувам учениците на епископската гимнзаија од Випава – Словенија; полската заедница од Асколи Пицена; членовите на УНИТАЛСИ од Искија ди Кастра; децата од Ораториј од Ургнан – го гледам тука нивното знаме. Браво, прекрасни сте! – верниците од Порденоне, сестрите и вработените од болницата „Миули“ од Аквавив дела Фонти, група на синдикалци од Венеција.

На сите ви посакувам пријатна недела. Молете се за мене!

(го*ко)

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

<