Папата Фрањо: Корупцијата не ја плаќаат оние кои донесуваат мито, туку сиромашните

Корупцијата на моќниците на крајот ја плаќаат сиромашните, бидејќи тоа е поради туѓа алчност, го немаат она што им е потребно и на што имаат право, порача папата Фрањо за време на светата Литургија во понеделникот 16 јуни 2014 во капелата на домот Света Марта. Единствениот пат  преку кој се победува „гревот на корупцијата“ е служењето на другите, бидејќи служењето го чисти срцето.

Тажна приказна, иако стара, сѐ уште е огледало на гревот кој некако ни е „при рака“: корупцијата. Папата Фрањо размислвуаше за библискиот дел кој говори за Навутеј: Навутеј има старо семејно лозје (1 Царство 21,1-16). Кога цар Ахав посака да ја „прошири својата градина“, побара од Навутеј да му го продаде лозјето. Навутеј го одби, бидејќи немаше намера да се откаже од наследството на своите старци. Тоа воопшто не му се допадна на царот. Поради тоа царицата Језавела постави стапица, со помош на лажни сведоци го доведува Навутеј пред суд, каде што го осудија и го камнуваат на смрт. На крајот Језавела му го предава лозјето на мажот, а тој „мирно го прифаќа“, како ништо да не се случило.“ Оваа приказна се повторува одново, кога луѓето кои во рацете имаат „материјална, политичка или духовна моќ,“ рече Светиот Отец.

Често пати во весниците читаме: ах, приведен е пред суд оној политичар, кој волшебно се збогати. Пред суд е доведен, на суд е оној претприемач, кој волшебно се збогати, односно искористувајќи ги своите работници. Многу се говори и за свештеници, кој се збогатиле, бидејќи ја напуштиле својата пастирска должност и ја негуваат моќта. Така постојат поткупени политичари. Поткупени претприемачи. И расипани луѓе во Црквата. Насекаде ги има. И мораме да ја кажеме вистината: корупцијата е грев кој секогаш е „при рака“, грев на луѓето кои имаат авторитет пред другите, било економски, било политички или црковен. Корупцијата ни е заедничко искушение. Грев кој секогаш ни е „при рака“. Ако некој има авторитет, се чувствува моќен како да е Бог.“

На крајот, продолжува папата, човекот станува поткупен на патот на својата сигурност“. „Комотен живот, пари, моќ. Наследство, гордост…  од таму сѐ извира. Па и убиството“. Но „кој ја плаќа таа корупција?“ се прашува папата Фрањо. Оној кој ти донесува мито: Не, тврди Папата. Тој човек е само посредник: корупцијата во стварност ја плаќа сиромашниот.

„Да кажеме за поткупените политичари или поткупениот претприемач: кој ги плаќа? Ги плаќа болницата без лекови, болните на кои им е скратено лекувањето, децата на кои им е скратено образованието. Тоа се современите Навутејци, тие ја плаќаат корупцијата на возрасните. А кој ја плаќа корупцијата на некој свештеник? Ја плаќаат децата кој не знаат да се прекрстат, кои не се поучени и никој не се грижи за нив. Ја плаќаат болните, кои никој не ги посетува, затворениците без духовна подршка. Сиромасите ја плаќаат. Корупцијата ја плаќаат сиромасите: луѓе кои оскудеваат физички и духовно.“

Наспроти тоа, истакнува папата Фрањо, „единсвтениот излез од корупцијата, единствениот пат до победата над искушението, на гревот корупција е служењето“. Корупцијата доаѓа од гордоста, од горделивоста, а служењето те прави понизен.“ Служењето е „понизна љубов со која се помага на другите“.

Денес светата Литургија ја служиме за бројните луѓе кои ја плаќаат таа корупција, кои го плаќаат животот на корумпираните. За тие маченици на јавната корупција, економска корупција и црковна корупција. Молиме за нив. Господ нека им се приближи. Сигурно беше близу до Навутеј, додека го каменуваа, исто како што беше близу до Стефан (сп. Дела 7,56). Господ нека им е близок, нека им даде сила да одат напред во своето сведоштво, сопственото сведоштво“, заврши папата Фрањо.

РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот