Папата Фрањо: Клеветата ја уништува душата
Ватикан, 18.5.2013 /к.мк/ Христијанинот треба да го победи искушението да се меша во животот на другите, а клеветата и зависта носат зло на христијанската заедница. Тоа беше предупредувањето на папата Фрањо на утринската Литургија во капелата Света Марта, која ја служеше во присуството на група студенти од Папскиот универзитет Латеран, на чело со ректорот, како и водачот на црковното движење Неокатекуменски пат Кико Аргуељо и Кармен Ернандес, Марио Пеци како и Роберто Фонтолан и Емилија Гуарниери од движењето Заедништво и слобода (Comunione e Liberazione).
Проповедајќи за денешното Евангелие (Иван. 21,20-25), Папата ги нагласи зборовите на Исус упатени до Петар „А тебе што ти е?”, Бидејќи се меша во животот на Иван, оној кого Исус го милуваше. Папата се задржа конкретно на два аспекта од искушението да се мешаш во животот на другите: споредба и клевета. Кога ќе почне споредувањето, рече Папата, завршува со горчина, па дури и со завист, но зависта ја распипува христијанската заедница, нанесувајќи и големо зло, кое што ѓаволот го сака. Клеветите често пати започнуваат со воспитни манири, но потоа завршуваат со „дерење кожа на ближниот”.
„Колку многу се клевети Црквата! – рече папата Фрањо. Колку зборуваме лошо, ние христијаните! Предизвикувајќи си зло едни на други, колку го омаловажуваме другиот”. Сепак, клеветењето прави задоволство, додаде Папата и го спореди како „бонбони со мед”, но зошто?!: „Затоа што е слатко на почетокот, но потоа ја уништува душата! Клеветата е деструктивна за Црквата. Личи на духот на Каин: го убива ближниот со јазикот!”. На овој начин, додаде, ќе станеме „христијани со добри манири и лоши навики!”.
Папата ги посочи и начините преку кои се манифестира клеветењето, како и обично „правиме три работи”, пред сè шириме дезинформации: погодно е да ја кажеш само едната страна, а другата да ја премолчиш бидејќи не ни одговара. Другиот начин е уцената: кога некој сериозно се меша во работите, ќе го наречеш новинар… Тогаш честа на овој човек е уништена!. Третиот начин е озборувањето: да кажуваш работи кои не се вистинити. Тоа е да го убиеш својот ближен! Трите начини – ширење дезинформаци, уценување и озборувањето – истакна Папата, се грев! Тоа е исто како да му удриш шлаканица на Исус, преку неговите чеда и браќа!
Затоа Исус постапува со нас како со Петар, кога му вели: „А тебе што ти е?”, Ти врви по Мене, сумираше Папата. Господ навистина ни го покажува патот: озборувањето нема да ти донесе добро, а ќе те поведе кон уништување на Црквата – „Оди по Мене!” (…)
Господ – рече на крајот папата Фрањо – да ни даде благодат да не се мешаме во животот на другите и да не станеме христијани со добри манири и лоши навики, и да го следиме Исус.