Папата Фрањо во аудиенција ги прими учесниците на конференцијата што се одржува под наслов „Димензијата на заедништвото во светоста“, организирана од Дикастеријата за прогласување на светци. Тој ги истакна трите димензии на светоста: единство, семејство и мачеништво и го спомена примерот на светите парови, како што е парот Улма во Полска и 21 Копти убиен од Даеш во Либија. Спомната е и Асија Биби, пакистанка која беше затворена девет години под обвинение за богохулење
Светоста е „семејна“, во смисла дека тоа е заеднички пат по кој треба да се оди по двајца, како што покажале родителите на Света Мала Тереза или полското семејство Улма, кои биле убиени од нацистите и кои во септември оваа година, во Полска, беа прогласени за блажени. Светоста, освен на тоа, обединува; се соединува со Бога и браќата, што води до прегратка на единството и мирот што му треба на светот денес. Светоста е пред сè „маченичка“, како што покажува долгата историја на сведоците – од маечниците вопрвите векови до коптите кои Даеш ги уби во 2015 година во Либија. Убиени се убиени поради нивната вера или прогонувани како Асија Биби, католикиња од Пакистан, која беше жртва на деветгодишна судска одисеја, која се најде под обвинение за богохулење меѓу смртната казна и затворските казни, до нејзиното конечно ослободување. Станува збор за христијански живот поминат во постојано мачеништво – рече Папата.
Беше долги години во затвор, а ќерката и донесуваше Причест… И поминаа многу години до моментот кога судиите рекоа дека е невина. Скоро девет години христијанско сведоштво! Таа е жена која продолжува да живее, а такви жени има многу, многу кои сведочат за верата и љубовта.
Ова го изјави папата Фрањо на 16 ноември 2023 година кога им посака добредојде на учесниците на средбата насловена „Димензијата на причестувањето во светоста“ што во организација на Дикастеријата за прогласување на светци, која се одржа од 13 до 16 ноември во Патристичкиот институт „Августинијанум“ во Рим. Папата пред присутните зборуваше за три аспекти на светоста, почнувајќи од димензијата на заедништвото, која е многу драга на Вториот ватикански собор, а која Иван Павле II. ја нарече „универзален повик за светост“. Тоа е поттик за сите луѓе да бидат свети.
Ватикан њуз/к.мк