Папата Фрањо: Исус е единствената врата за Царството Божјо

Ватикан, 22.4.2013 /к.мк/ – „Кариеристи има исто така и во христијанската заедница, кои го бараат „своето“ и свесно или не, сѐ обидуваат да влезат во Божјото Царство, но тие се крадци и разбојници. Зошто? Затоа што крадат од славата на Исус и ја посакуваат својата“. Со овие зборови Папата Фрањо го разобличи црковниот кариеризам за време на Литургијата, која ја служеше ова во капелата на домот Света Марта во Ватикан, во присуство на вработените од ватиканскиот прес центар, предводени од отец Федерико Ломбарди.

Во проповедта Папата, повикувајќи се на зборовите на Исус, кој вели дека „кој не влегува низ вратата на овчото трло, а прескокнува од другата страна, крадец е и разбојник“ (Ив 10 ,1-10). Со оваа парабола Папата истакна една реална опасност за сите: „да се живее религијата како во продавница: јас ти давам слава тебе, а ти мене“. Но оние кои ја исповедаат таа религија „не се влезени низ вистинската врата“, рече Папата. „Вистинската врата е Исус и кој не влегува преку неа греши“.

„Но како да знаеме дека тоа е таа вистинска врата на Исус?“, прецизира Папата. Одговорот е многу едноставен: „Прочитај ги блаженствата и следи ги. Биди понизен, биди сиромашен, биди скромен, биди праведен … “, рече папата Фрањо, цитирајќи ги зборови од Евангелието по Матеј (Мт 5-3).

„Но, некој од вас ќе ми каже: „Оче, вие сте фундаменталист“, коментира Папата. „Не, тоа го рекол Исус: „Јас сум вратата“ и „Јас сум патот“, за да ни даде живот. Тоа е убава врата, врата кон љубовта, која не е измамничка и лажна. Можеби има повеќе лесни патишта, но тие се лажни и фалсификувани. „Единствениот пат е Исус“, истакна Папата, алудирајќи на доктрината изнесена во документот „Господ Исус“ (Dominus Jesus – 2000), со кој Црквата потврдува дека Христос е единствениот Спасител.

„Понекогаш сме искушувани од помислата дека сме господари самите на себеси, а не понизни слуги на Господ“ – рече Папата. Тоа е искушение за да бараме други врати или прозорци, за да влеземе во Божјото Царство. Но единствената врата се вика Исус. Само во неа се влегува низ патот, кој се нарекува Исус и нè води кон животот, кој е Исус. Сите други кои се обидуваат да влезат од друго место се „крадци и разбојници“. Исус го вели тоа со обични зборови. Тој е едноставен“.

На крајот Папата повика за „благодатта со која веднаш се тропа на оваа врата“: Понекогаш таа е затворена, а ние сме тажни, очајни, имаме проблеми и не чукаме на неа. Но не гледам други врати кои ви изгледаат лесни и удобни. Секогаш ја гледам вратата на Исус. Тој не разочарува, не мами, не е крадец ниту разбојник. Го даде својот живот за мене и затоа секој треба да каже: „Ти, Кој ми даде живот, Те молам, отвори ми да влезам“.

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

<