Папата Фрањо: Дрогата не се победува со дрога
Дрогата е „камшик” потпомогнат од „расипаниот” пазар, кој ги надминува националните и континентални граници, заканувајќи се на сѐ повеќе деца и млади. Ова го посочи Папата Фрањо во својот говор до членовите на Меѓународната Конференција за борба против дрогата, кои ги прими аудиенција во Ватикан во петокот 20 јуни на.
„Дрогата не се победува со дрога! Дрогата е зло, а со злото не може да се прават компромиси“, истакна Папата во својот говор. За легализација на т.н. „лесни дроги”, Папата ги опиша како „спорни на законодавно ниво, кои не ги дава очекуваните резултати”. Покрај тоа, според Папата Фрањо „замена на дрога не претставува задоволителна терапија, туку сокирен начин начин да се сокриеш од тој феномен”. „За да се отстрани секаков вид дрога – рече тој – неопходно е да се прифати животот, љубовта, другите, воспитувањето и труд. Само тогаш нема да има место за дрогата, злоупотребата на алкохолот и другите зависности”.
Светиот Отец потсети на напорите и грижата на Црквата кои ги дава со помошта на многубројни доброволци на сите оние кои се „фатија во стапицата на дрогата”. Црквата им помага „да го откријат своето достоинство и капацитети, оние лични таленти кои дрогата ги закопа, а не можат да се избришат, бидејќи секој човек е создаден по образ и подобие Божјо”. Примерот на бројните млади кои сакаат да се отргнат од зависноста од дрогата е поттик да „одиме напред со доверба”, рече на крајот Папата и ги охрабри членовите на Меѓународната конференција да „одат напред и секогаш со голема надеж во нивните активности”.
РВ/го*ко