Во првиот дел од своето патување во Јапонија, папата Фрањо се сретна со епископите на таа земја и бара од нив да промовираат интегрален развој на луѓето, и да се борат против очајот кај младите отварајќи ја „културата на успехот“, културата на бесплатната љубов која на сите, а не само на „остварените“ им дава можност за среќен живот.
Заштитата на секој живот и навестувањето на Евангелието не се две одвоени работи, дел се од исто послание, а тие значат дека треба да бидеме внимателни и да бдеееме над сѐ што може да го спречи целосниот развој на доверените ни луѓе – со тие зборови папата Фрањо им се обрати во првиот говор одржан по доаѓањето во Јапонија на епископите со кои се сретна во Апостолската нунцијатура во Токио.
Спомнувајќи го мотото „Заштити го секој живот“ кое го карактеризира оваа патување, 38 години по она на свети Иван Павле II, папата Фрањо ги истакна опасностите кои и се закануваат на животот на Јапонците, како што се на пример се поголемиот број самоубиства, булизам и сите облици на изолираност кои поттикнуваат на отуѓување и духовна дезориентираност. За да се сузбие чувството на очај посебно кај младите, потребна е „култура на успехот“, да се отворите за културата на бесплатната љубов која на сите, а не само на оние кои се оствариле, им дава можност за среќен живот.
Папата го започна својот говор присетувајќи се како уште како момче негувал симпатии и наклонетост кон таа земја, но заради здравствени проблеми остварувањето на тој мисионерски занес требало да чека иако како надбискуп на Буенос Аирес испратил во Јапонија многу свештеници „fidei donum“. Денес Господ ми дава прилика да бидам меѓу вас како ходочасник мисионер по стапките на големите сведоци на верата – рече и го спомна свети Фрањо Ксаверски и сите оние кои низ вековите се посветиле на ширењето на Евангелието и служењето на јапонскиот народ. Како и свети Павле Мики и мачениците од Нагасаки и блажен Јусто Такајам Укон, кои и покрај големите искушенија дале сведоштво се до смрт.
Благодарение на тоа сведочење и на тивкото присуство на „сокриените христијани“ на подрачјето на Нагасаки вие денес сте жива Црква која се сочувала изговарајќи го Господовото име и контемплирајќи како Тој ве водел среде прогоните – потсети Папата. Фрлањето на семето со доверба, сведоштвото на мачениците и трпеливото чекање на плодовите кои Господ ги дава во свое време го карактеризираат апостолскиот начин на делување со кој сте знаеле да ја следите јапонската култура. Според тоа низ годините сте го обликувале црковното лице кое јапонското општество многу го цени благодарение на вашите различни придонеси за општото добро.
Посланието на Црквата во Јапонија, Папата го опиша во знакот на барањето на инкултурација и дијалог, што овозможи нови начини на делување, независно од оние развиените во Европа и тоа низ списи, театар, музика и сите други средства, во поголем дел на јапонски јазик.
Спомнувајќи го мотото на патувањето „Заштити го секој живот“, Папата напомена дека тоа може да ја означи службата на епископот кој Господ го повикал во народот како пастир кој е способен да го заштити секој живот. Притоа објасни дека заштитата на секој живот значи најмногу да се има – како што рече, контемплативен поглед способен да го сака животот, кој е пред сѐ е дар од Господ.
Секој живот треба да се гледа како бесплатен дар – истакна папата Фрањо. Заштитата на секој живот и навестувањето на Евангелието не се две одвоени, ниту спротивставени работи; тие се повикуваат и взаемно се бараат. Двете значат дека треба да бидеме внимателни и да бдееме над сите што може денес, на овие простори да го спречат целосниот развој на луѓето доверени на светлината на Исусовото Евангелие.
Папата потоа потсети дека во Јапонија Црквата е мала, а католиците се малцинство и дека евангелизацијата бара ангажирање за понизно, секојдневно сведочење и дијалог со другите верски традиции. Пасторалната грижа за големиот број странски работници кои сочинуваат повеќе од 50% католиците во Јапонија, е сведоштво за Евангелието во јапонското општество и ја потврдува универзалноста на Црквата во која – како што рече, нашето соединување со Христос е посилно од било која друг врска или идентитет.
Како маченичка Црква, Црквата во Јапонија може слободно да зборува за мирот и праведноста – рече Папата и додаде дека во Нагасаки и во Хирошима каде ќе се моли за жртвите од атомските бомби во 1945 година ќе биде одек на неговиот апел за нуклеарно разоружување. Освен тоа ќе се сретне со оние кои сѐ уште страдаат заради раните на тој трагичен настан од човечката историја заедно со жртвите од тројната несреќа од март 2011 година, односно земјотресите, цунами и несреќата во нуклеарната централа во Фукушима.
Нивното долго стрдање е предупредување за нашата човечка и христијанска должност да им помогнеме на оние кои страдаат во телото и во духот и на сите да им ја понудиме евангелската порака на надеж, оздравување и помирување. Злото не ги избира луѓето и не се информира за нивната припадност; едноставно провалува со својата уништувачка сила – истакна папата Фрањо.
Папата зборуваше и за злата кои се закануваат на животот на некои луѓе кои ги тишти осаменоста, очајот и изолираноста. Се поголемиот бројот на самоубиства во вашите градови, како и булизмот создаваат нов вид на отуѓување и духовна дезориентираност. Колку сето тоа ги погодува најмногу младите – истакна Папата. Ве повикувам посебно внимание да посветете на нив и на нивните потреби, да побарате простори во кои културата на ефикасност и успех може да се отвори за културата на бесплатната и несебична љубов која е способна да им понуди на сите, а не само на оние „остварените“ можност за успешен и среќен живот. Придружени со идеите и со добрата формација вашите млади можат да бидат важен извор на надеж за своите врсници, и да дадат живо сведоштво на христијанската љубов, затоа што многу животи во Јапонија се жедни за сочувство – рече Папата на јапонските епископи.
Ватикан њуз/к.мк