Папата Фрањо до теолозите: Чувајте го единството во плурализмот на перспективи
Слушањето на Словото Божјо треба да биде една од главните карактеристики на еден теолог. Ова го посочи папата Фрањо во својот говор пред членовите на Меѓународната теолошка комисија кои ги примиво аудиенција во Ватикан по повод нивната Пленарна седница. Папата ги повика теолозите да посветат внимание на придонесот на жените во оваа сфера и ги охрабри да го чуваат единството во плурализмот на различните перспективи.
Мисијата на Меѓународната теолошка комисија, рече Папата, цитирајќи го нејзиниот статут, е „да ги проучува најважните доктринални проблеми“, за да ѝ помага на тој начин на просветителската власт на Црквата. Затоа, потребна е неоспорна интелектуална компетентност, но исто така и духовно расположение. Папата Фрањо посочи дека „теологот е првенствено верник кој го слуша Словото на живиот Бог и го прифаќа во срцето и разумот. Тоатреба да се слуша смирено како што Духот ѝ кажува на Црквите, преку различните изрази на верата живеена од Божјиот народ. Заедно со сиот народ Божји, теологот ги отвора очите и ушите пред„знаците на времињата“.
Еден од знаците на времињата е постојаното зголемување на присуството во академските сфери на жени специјализирани во богословските науки. Зарадо Карактеристичните особини на жените, како чувствителноста и интуицијата, го прават нивниот придонес неопходен. Според нивниот специфичен женски ген – истакна Папата – тие можат да истакнат, за доброто на сите, некој неистражени до овој момент,аспекти на необјаснивата тајна на Христос“, во која се сокриени богатства на мудроста и знаењето“ (Кол 2, 3). „Ве повикувам да ги искористите предностите на најдобар можен начин од придонесот на жените во познавањето на верата“.
Светиот Отец ги повика членовите на теолошката комисија – која слави 45 години од своето основање – да го чуваат единството во богатството и различноста на културите. „На оваа основа и преку еден нормален плурализам, различните теолошки пристапи развиени во различни културни контексти и преку различни методи, не можат да се игнорираат меѓусебно, туку преку богословскиот дијалог треба да се збогатуваат и коригираат меѓусебно. Работата на вашата комисија може да биде сведоштво за тоа надоградување, но исто така и сведоштво на Светиот Дух, зашто Тој е оној кој ги сее најхаризматичните разлики во Црквата, различните гледни точки, и Тој е оној кој ќе изгради единство. Тој секогаш е главниот актер!“.
РВ/В.Н.