Во контекст на одбележувањето на стогодишнината од дипломатските односи, соговорниците ја истакнаа улогата на Црквата во поддршката на вистинскиот хуманизам, отворен за духовната димензија.
Во понеделник, 10 мај 2021 година, папата Фрањо го прими во Апостолската палата во Ватикан претседателот на Летонија Егилс Левитс, кој подоцна се сретна и со кардиналот Пиетро Паролин, ватиканскиот државен секретар, придружуван од надбискупот Пол Ричард Галагер, секретар за односи со државите.
Ватиканската прес-службата соопшти дека за време на срдечните разговори е изразено задоволство од добрите билатерални односи, потсетувајќи на стогодишнината на дипломатските односи меѓу Светиот Престол и Летонија. Во тој контекст, е потенциран големиот придонес на христијанската вера и Католичката црква во ширењето на автентичниот хуманизам, отворен за духовната димензија, во заштитата на човековото и семејното достоинство.
Соговорниците се осврнаа и на прашања од заеднички интерес на меѓународно и регионално ниво, нагласувајќи ја желбата за соработка за општо добро и поддршка на култура, која ќе ги промовира мирот и братството меѓу народите.
Ватикан њуз/к.мк