Папата Фрањо го прими австрискиот канцелар Себастијан Курц

Папата Фрањо го прими австрискиот канцелар Себастијан Курц

На 5 март 2018 година папата Фрањо го прими во аудиенција во Ватикан канцеларот на Австрија Себастијан Курц, кој потоа се сретна со ватиканскиот државен секретар кардинал Пиетро Паролин, придружуван од монс. Антоан Камилери, потсекретар за односи со државите.

За време на срдечниот разговор беа истакнати добрите билатерални односи и плодната соработка помеѓу Светиот Престол и Австрија. Меѓу другото стана збор и за важноста за заштита на животот и семејството, промовирање на општото добро на општеството, особено во однос на најслабите слоеви од населението.

Во текот на разговорите беше наведен и придонесот на Австрија во рамките на Европската унија, како и потребата од солидарност меѓу народите. Беа разгледани и некои други актуелни прашања од меѓународно значење, како што се мирот, нуклеарното разоружување и миграцијата.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот