Папата Фрањо ги посети зависниците од дрога

Рио де Жанеиро, 25.7.2013 /к.мк/ – Светиот Отец во среда 24 јули  во доцните попладневни часови, според предвидениот план, ја посети болницата за зависници од дрога, Свети Фрањо Асишки во Рио, која веќе скоро триесет години, колку што поминало од нејзиното основање, им помага на зависниците. Воодушевеното мноштво, самите штитеници, нивните семејства и лекарскиот и болничкиот персонал, срдечно го дочека Папата, во придружба на Државниот секретар, архиепископот на Рио де Жанеиро и останатите црковни службеници. ПоОсле говорот на архиепископот Темпеста, две сведоштва на бивши зависници и самиот основач и управител на болницата, се обрати и Светиот Отец кој срдечно ги поздрави сите присутни, не изоставувајќи ги и оние кои штотуку се вработиле во болницата, давајќи им со тоа на сите важност и вредност на нивната пожртвуваност и конкретно делување, за добро на ближните. Папата рече :„Бог сакаше моите чекори, после посетата на светилиштето на Пресвета Богородица од Апарецида, да ги насочи кон едно друго и посебно светилиште; светилиште на човечкото патење – болницата Свети Фрањо Асишки”. Папата Фрањо потоа се послужи со примери од животот и обраќања на свети Фрањо, кој го напуштил богатството и удобноста за да стане сиромашен меѓу сиромашните. Откри дека вистинското богатство не се идолите кон парите, моќта и уживањето ниту во нив се наоѓа вистинската среќа, туку во живот сличен на Христа и во служба на другите. Посебен момент во кој спознанието на Фрањо достигнало најголема конкретност, бил тој кога прегрнал лепрозен, брат кој пати.“ Во секој брат и сестра во потреба – продолжи Папата – како свети Фрањо, ние всушност го прегрнуваме самото тело на Христос. Денес би сакал да ја прегрнам секоја од вас, кој сте тука пристуни – вие кои сте и го правите тоа тело Христово – и да го молам Бог одново да го исполни со смисла и сигурна надеж, вашиот и мојот пат.” Папата понатаму истакна како постојат околу нас, каде и да се наоѓаме, потребни и оние кои патат и очекуваат помош во својата неволја. Во продолжение на своето излагање Папата јасно рече „НЕ” на трговијата со дрога која не е толку последица на нејзината легализација, колку што од некои други фактори. Потребно е да се промовира поголема праведност во општеството и на младите да им се пренесат вредности кои го творат и го зајакнуваат заедничкиот општествен живот, пратејќи ги оние кои се во потешкотии и така да и даваме иднина. Сите имаме потреба да научиме како да ги прегрнеме оние кои се во потреба како би изразиле блискост, срдечност и љубов – рече Светиот Отец. Освен тоа, на оној кој паднал во темнината на зависноста – продолжи Папата – потребно е да му се пружи рака и да му се каже – макар и да не знаеме како: „Можеш повторно да станеш. Повторно да се дигнеш. Да, тешко е, но е возможно, ако ти сакаш! Ти си главен во своето воздигнување и раст. Можеш да ги пронајдеш оние кои ќе ти пружат рака и помош, но никој нема да стане наместо тебе!”- заклучи Папата. „Никогаш не сте сами на тој пат; со вас е Црквата и толку многу луѓе. Гледајте во иднината со доверба. Не даввајте да ви ја украдат надежта….Не давајте да ви ја украдат надежта!” – повтори Папата и потоа додаде: „Да не ја крадеме и ние надежта на другите! Напротив, сите да постанеме носители на надеж!” Папата потоа обраќајки се на персоналот се потсети на Христовите зборови: „Што сте направиле за еден од овие мои најмали браќа, мене сте ми го направиле” – придавајќи им важност на нивното пожртвувано делување. На родителите исто така, им упати зборови на поддршка: ”Црквата не е далеку од вашите потешкотии и борба, туку е со вас. Господ е близу до вас. Гледајте во Него во тешките моменти и тој ќе ве утеши и ќе ви даде надеж. Верувајте, исто така, и во мајчинската љубов на Богородица. Утрово во Апарецида, секој од вас го доверив на нејзиното мајчинско срце. Каде и да се наоѓа крстот, кој треба да го носиме, таму е и Таа, вашата Мајка. На неа ве доверувам додека сите вас срдечно ве благословувам” – рече Светиот Отец, завршувајќи го со тоа својот десет минутен говор, а потоа на сите присутни им го подели свој апостолски благослов. (Б.У)

Категорија: Свет

За авторот

Write a Comment

<