Папата Фрањо во недела ќе поклони Евангелија
Подарокот од папата Фрањо за верниците кои во недела на 6 април ќе учествуваат на молитвата „Ангел Господов“ на плоштадот Свети Петар ќе бидe светите Евангелија во мал формат. Веста е објавена на 4 април во Ватикан. Волонтери, меѓу кои и 150 извидници и богослови ќе поделат во таа прилика неколку илјадници примероци.
Се работи за посебно издание на ватиканската печатница кои не се нудат на пазарот, се наведува понатаму во ватиканското соопштение. Освен четирите евангелија, тоа издание на италијански јазик ги содржи и Дела Апостолски и воведниот збор од Апостолското Писмо на Папата „Радоста на евангелието“ и на последната страна молитва до блажениот Џон Хенри Њуман.
Папата Фрањо повеќе пати претходно во многу прилики препорача на сите дека секогаш во џебот треба да носат евангелие за да можат во слободните моменти од него да прочитаат.
РВ/Д.И.