Папата Фрањо: „Богатството кое го даруваме на другите го носиме во срцето“

Ватикан 22.6.2013 /к.мк/ – „Да побараме од Бог срце кое знае да љуби, да не биде заведено од бескорисно богатство“ – тоа е сржта на проповедта на папата Фрањо во петок 21 јуни во капелата на домот Света Марта. На Литургијата сослужуваа кардинал Франческо Кокопалмеро, епископот Жан Игнасио Ариета и помошниот епископ Хосе Апаресидо Конзалвес де Алмеида, преседателот, секретарот и помошниот секретар на Папскиот совет за Законски текстови. На светата Литургија присуствувале и вработени од базиликата свети Иван Латерански, монсињор Џиакомо Керето, како и  вработени од домот Света Марта.

„Смислата на животот на секој христијанин е потрага по едно богатство кое можеме да го понесеме со себе во животот после овој живот. Ова го објаснува Исус на своите учениците во денешното Евангелие (Матеј 6, 19-23): „каде е богатството ваше, таму ќе биде и срцето ваше“.

Важно е да не се замени едното богатство со другото. Постои т.н. „несигурно богатство“ кое заведува, но кое „мораме да го напуштиме“, тоа се богатства кои ги собираме за време на животот, но постануваат ништовни по нашата смрт.

Со блага иронија папата забележа: „Никогаш не сум видел камион за преселба да го следи погребна поворка, никогаш…“ Но постои и богатство кое можеме да го понесеме со себе, неотуѓиво богатство, тоа не е она што си го заштедил за себе, туку „тоа што си го дал на другите“.

„Богатството што сме го дарувале на другите го носиме со себе. Тоа ќе биде нашата заслуга, под наводници. Но наша „заслуга“ по Христос, во нас! И тоа мораме да го понесеме со себе. Бог ни дозволува да понесеме: љубов, милосрдие, служење, трпеливост, доброта, нежност – тоа е прекрасно богатство што го носиме со себе. Друго не можеме да понесеме.“

Евангелието вели, богатството кое вреди во Божјите очи сме го собрале на земјата за во небо. Но Исус, рече папата Фрањо, оди и чекор понатаму: Тој го поврзува тоа богатство со „срцето“, нагласувајќи го односот помеѓу богатството и срцето. Нашето срце е немирно, а такво Бог го створил за да можеме да го бараме.

„Бог не створил како немирни битија, за да можеме да го бараме, да го најдеме и да растеме. Ако нашето богатство е далеку од Бог, ако не е од Бог, нашето срце станува немирно заради работи кои не вредат, заради тие „така наречени богатства“… Многу луѓе се немирни, сите ние имаме немири. Да поседуваме ова, да го имаме тоа… „ На крајот, нашето срце ќе се измори, никогаш не е исполнето: станува уморно, станува мрзеливо, станува срце без љубов. Уморно срце. Да размислиме за тоа. Какво срце имам јас: дали имам уморно срце кое сака само да се „уредува“, да поседува три – четири работи, дебела сметка во банка и уште нешто? Или имаме немирно срце кое се повеќе го бара тоа што не може да го поседува, она Божјото? Таквиот немир во срцето треба да го сочуваме.“

Исус зборува и за „окото“, окото кое е симбол на „намерата на срцето“ и го одржува целото тело. Срцето кое љуби го прави телото светло, а „злобно срце“ го прави мрачно. Во тој контраст „светло – темно“, забележа Папата, зависи како ќе пресудуваме. Со срце од камен, наврзано на земното, егоистичко богатство, кое може да постане „богатство на омраза од каде извираат војните. Папата повикува за застапништво на светиот Алозиј Гонзаге, кој денес Црквата го празнува, да побараме „милост за ново срце, срце од месо“

„Сите камени срца Господ нека ги направи човечки, исполнети со немир и позитивна вознемиреност, нека ги направи срца што сакаат да напредуваат во потрагата по Него, истовремено да дозволи од Него да бидат пронајдени… Господ нека ги промени нашите срцата. И така да не спаси. Ќе не спаси преку служењето на другите, да не спаси од оние богатства кои се залудни пред него, и да ни даде светло да спознаеме и судиме според вистинското богатство. Тоа е неговата вистина. Господ нека го промени нашето срце да пронајдеме вистинско богатство и да постанеме луѓе на светлината, а не луѓе на темнината. (Д.И.)

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

<