Папата Фрањо: Благодатта не доаѓа по пошта
Во молитвата треба да бидеме храбри и да ја откриеме вистинската Благодат која ни се дарува, односно самиот Бог – рече Светиот Отец на светата Литургија на 10 октомври во капелата на домот Света Марта. Централна тема на проповедта на папата Фрањо беше упорноста во молитвата, чија потреба во денешното Евангелие ја нагласи Исус.
Примерот за пријателот кој доаѓа во незгодно време и го бара тоа што му е потребно – благодарение на својата упорност – тоа и го добива. Папата Фрањо поттикна на размислување за тоа каква е на нашата молитва: „Како молиме ние?“ Дали молиме онака од обичај, побожно, но без жар; или се наоружуваме со храброст пред Господ, за да побараме милост за тоа што молиме? Папата поттикна на храброст во молитвата, бидејќи: молитвата која нема доза на храброст, не е вистинска молитва.
Храброста се состои во тоа да бидеме уверени дека Господ нѐ слуша; храброст за да би зачукале на вратата. Господ самиот тоа го вели: Бидејќи, кој моли – добива; и кој бара – наоѓа, а оној кој чука ќе му се отвори… Но треба да молиме, бараме и чукаме – рече Папата.
Дали во молитвата се залагаме? – праша Светиот Отец – знаеме ли да чукаме на Божјото срце? Исус ни вели: Ако вие, бидејќи лоши и давате добри дарови на вашите деца, а колку повеќе вашиот Отец Кој е на небесата, го дава Светиот Дух на оние кои го бараат.
Голема е таа работа, рече Папата. Да молиме со храброст, Господ ни ја дава благодатта која ја бараме, но со таа благодат ни се дава и самиот себе! Господ никогаш некоја благодат не ја испраќа преку пошта – никогаш! Тој самиот ни ја донесува; Тој е Благодат! – рече Папата и додаде: Тоа што ние го бараме е всушност хартија во која е завиткана благодатта! Вистинска благодат е Тој, која ни ја доставува. Доколку нашата молитва е храбра, ќе го добиеме тоа што го бараме, но со тоа го примаме и она најважното – Господ – рече Светиот Отец.
Ние бараме од Господ некоја благодат, но не се осудуваме да кажеме: но Ти ми ја донеси. Знаеме дека благодатта секогаш ни ја донесува Господ: Тој е оној кој ни ја донесува. Не оставаме лош впечаток со тоа што ќе ја прифатиме подарената благодат, а да не го препознаеме притоа Оној кој ни ја дарува и донесува – Господ. Господ секогаш во секоја благодат нека ни се дава самиот Себе – посака папата Фрањо и додаде: а ние да го препознаваме и славиме како оние кои оздравеја во Евангелието, бидејќи во подарената благодат сме го препознале самиот Господ!
Д.И.