Папата Фрањо: Без наталитет нема иднина

Папата Фрањо: Без наталитет нема иднина

Папата Фрањо и италјанскиот премиер Марио Драги на 14 мај 2021 година ја отворија работата на иницијативата „Општата состојба со наталитетот,“ кој го организира Форумот на семејни здруженија со цел размислување за тоа како да се промени демографскиот тренд.

Од една страна имаме загубеност заради несигурна работа, од друга страв заради сите неодржливи трошоци за воспитанието на децата и за жал заради жените кои на нивното работно место ги обесхрабруваат да имаат деца или пак мора да го сокриваат стомакот.

Сите тие се големи проблеми заради кои целото општество може да пропадне и кои ја прават уште постудена и помрачна демографска зима која во Италија веќе стана трајна – предупреди папата Фрањо на отворањето на иницијативата „Општата состојба со наталитетот“, посветена на деомографската судбина на Италија и светот. На настанот кој во Рим го организираше Форумот на семејни здруженија се собраа претставници на банки, компании, осигурителни друштва, медиуми и претставници од спортот за да размислуваат за темата наталитетот во земјата во која 2020 година наталитетот е намален за 30%.

Токму тој тренд треба да се промени за да се придвижи Италија започнувајќи од животот, од човечкото битие – рече Папата на почетокот на говорот во кој посебни мисли посвети на младите кои многу се обесхрабрени – како што рече, само 50% од нив мислат дека во животот ќе можат да имаат две деца. Во Италија таква е состојбата веќе со години, со најмал број родени во Европа, континент кој станува „стар“ не заради својата славна историја, туку заради својата напредна возраст – рече Папата и додаде дека тоа е како секоја година да исчезнува по еден град со повеќе од 200.000 жители.

Се осврна потоа на реалноста на бројни семејства кои за време на пандемијата мораа да работат прекувремено, делејќи го својот дом помеѓу работата и училиштето, со родителите кои биле наставници, комјутерски техничари, работници и психолози. Не ја заборави ниту пожртвуваноста на дедовците и бабите кои – како што рече, се вистински кораби за спасување на семејствата, како и сеќање кое ја отвора иднината. За иднината да биде добра потребно е да се води грижа за семејствата, посебно за оние младите преокопирани со грижите кои би можеле остварување на нивните животни планови.

Што се однесува до оневозможување, Папата ги критикува ситуациите во кои се наоѓаат жените на работните места кои од страв дека нивната евентуална бременост би можела да има последица отказ, па го сокриваат бремениот стомак. Како е можно жената да е принудена да се срами заради најубавиот дар кој животот може да го понуди? – праша Папата и истакна: Н треба жената да се срами, туку општеството затоа што општеството кое не го прифаќа животот престанува да живее. Децата се надеж која го препородува народот!

Спомнувајќи ја важноста на покренување на општествени реформи кои во центарот ги ставаат децата и семејството, Папата истакна дека ако семејствата не се во центарот на сегашноста нема да има иднина, но ако семејството повторно придвижи, сè се придвижува.

Ситуацијата е тешка и иднината несигурна, но папата Фрањо на хоризонтот веќе гледа „пролет“. За да се дојде до тоа предложи три работи. Првата е „дар“. Животот е вистински дар кој секој го примил… Повикани сме да го пренесуваме. Детето е најголемиот дар за сите луѓе и доаѓа пред сè друго – напомена Папата и истакна дека за жал „првеноството на дарот“ е заборавено и тоа посебно во богатите и потрошувачки општества. Гледаме имено дека каде има повеќе од сѐ, често има и повеќе рамнодушност, а помалку солидарност, повеќе затвореност и помалку великодушност.

Втората мисла е „одржливост“ и тоа онаа економската, технолошката и еколошката, но и „генерациската одржливост“. Имено драматичните податоци за наталитетот и оние застрашувачките за пандемијата бараат промена и одговорност – истакна Папата и посебно го спомна училиштето кое треба да биде привелигирано време за средба и човеков развој.

Третиот збор е „солидарност“. Во прв ред потребни се далекусежни семејни политики кои не се засноваат на барањето непосредна согласност, туку на долгорочен раст на општото добро. (…) Итно е потребно на младите да им се даде гаранција за доволно стабилна работа, сигурност на домот и интересите за да не ја напуштаат земјата.

Таа задача се однесува и на економијата. Колку е убаво да има се повеќе претприемачи и компании кои освен профитот ги промовираат животите; кои внимаваат никогаш да ги искористуваат на луѓето со неодржливи услови и работно време; кои дел од приходот го поделуваат на работниците од аспект на придонес за непроценливиот развој на семејството – истакна Папата и рече, освен за Италија тоа е предизвик за голем број земји, често богати со ресурси, но сиромашни со надеж.

Солидарноста се однесува и на подрачјето на информирањето, а нејзиниот критериум е човечкиот развој. Потребна е – според зборовите на Папата, „информација на семеен формат“, каде за другите се зборува со почит и деликатес, како да се сопствени роднини, но кои истовремено ги изнесуваат на видело интересите и темите кои штетат на општото добро и шпекулациите кои се вратат околу парите, жртвувајќи го семејството и поединци – рече и на крајот им се заблагодари на присутните и на сите кои веруваат во човечкиот живот и иднина. Одете напред, не се откажувајте затоа што е убаво да сонуваш за доброто и да ја градиш иднината. Без наталитет нема иднина – истакна папата Фрањо.

Ватикан њуз/к.мк

 

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот