Папата Фрањо ненадејно ја посети болницата „Бамбино Џезу“

Папата Фрањо ненадејно ја посети болницата „Бамбино Џезу“

На 5 јануари 2018 година, попладне, папата Фрањо се упати кон детската болница на Светиот Престол „Бамбино Џезу“ во Палидоро, на 30 километри северно од Рим. Со таа посета, Папата ја продолжува иницијативата „Петок на милосрдието“ која ја започна за време на Јубилејот на милосрдието.

Папата посети различни одделенија, поздравувајќи ги децата и разговараше со родителите, кои се грижат за своите деца, кои се подложени на тој тежок испит. За 120. мали пациенти посетата на Папата беше вистински празник. Папата ги поздрави секој поединечно, а на секое дете му даде мал подарок придружуван со насмевка.

„Посета полна со грижа и нежност” – рече претседателката на детската болница Мариела Енок, пред микрофонот на Tv2000. Папата застануваше возбуден пред децата, се шегуваше со нив и ги охрабруваше родителите. Кога погледите ни се сретнуваа, ми рече: „Колку болка, колку болка“.

„Папата Фрањо ме замоли неговата посета да биде резервирана, и да не се рекламира“, додава Енок. Тој сакаше лично да се сретне со деца, семејства, лекари и здравствени работници. Тој исто така се увери дека неговата болница  извршува важни истражувачки активности. Токму денес за прв пат му дадовме на едно дете нова молекула која ги убива клетките на ракот, а ги штити здрави.

Седиштето на болницата „Бамбин Џезу“ е во Полидоро се основа во 1978 година благодарение на папата Павле VI. (…)

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот