Папата упати телеграма по повод смрта на кардинал О’Конор

Папата упати телеграма по повод смрта на кардинал О’Конор

По повод веста за смртта на кардинал Кормак Марфи О’Конор, кој почина на 1 септември 2017 година, на 85 годишна возраст. По тој повод Светиот Отец на 2 септември 2017 година испрати телеграма со сочувство до надбискупот на Вестминстер, кардинал Винцент Николс.

Длабоко ожалостен од веста за смртта на кардинал Кормак Марфи О’Конор, надбискуп на Вестимнстер во мирување, сакам да го изразам своето длабоко сочувство на Вас и на свештенството, како и на верниците од надбискупијата. Сеќавајќи се со голема благодарност за ревното служење на кардиналот на Црквата во Англија и Велс, неговото непоколебливо посветување во проповедањето на Евангелието и грижата за сиромашните, како и неговата далекогледност во унапредување на екуменското и меѓурелигиското разбирање, драговолно се придружувам на Вас доверувајќи ја благородната душа на бескрајното Божјо милосрдие, на нашиот небесен Отец. Сите кои го оплакуваат неговото преминување со цврста надеж во воскресението – како залог на утеха и сила во Господ, срдечно го поделувам својот Апостолски благослов.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот