Папата упати видео порака по повод СДМ во Краков (+Видео)

Светиот Отец на 19 јули 2016 година – недела дена пред посетата на Полска – а по повод Светскиот ден на млади во Краков, упати пригодна видео порака до младите од цел свет кои се собираат во Полска.

Драги браќа и сестри

Веќе се приближува 31, Светски ден на млади кој ме повикува на средба со младите од цел свет собрани во Краков и исто така ми пружи среќна прилика за да се сретнам со саканиот полски народ. Сè ќе биде во знакот на милосрдието во оваа Јубилејна година и во знак на благодарност и благословен спомен на светиот Иван Павле II кој беше вистински уметник за Светските денови на млади како и водач на полскиот народ во неговото историско одење кон слободата.

Драги млади од Полска знам дека веќе подолго време се подготвувате – посебно со молитва – за големиот настан во Краков. Од срце ви благодарам за сè што правите и за љубовта со која го правите тоа; уште од сега ве прегрнувам и ве благословувам.

Драги млади од сите делови на Европа, Африка, Америка, Азија и Океанија! Истотака ги благословувам и вашите земји; важите желби и вашите чекори на патот кон Краков, да биде ходочастие на верата и братството. Господ Исус ви подели милост во себе да го искусите неговото Слово: „Блажени се милостивите, зашто тие ќе бидат помилувани.“ (Мт 5,7)

Имам голема желба да се сретнам со вас за да му понудиме на светот нов знак на хармонија, мозаик од различни лица, многу раси, јазици, народи и култури – сите обединети во името на Исуса кој има лице на Милосрдие.

Сега се обраќам до вас драги синови и ќерки на полскиот народ! За мене е голем Господов дар да дојдам меѓу вас затоа што сте народ кој во својата историја поминал низ многу искушенија – некои од нив многу големи – и кој продолжи да оди напред со силата на верата подржан од мајчинската рака на Дева Марија. Сигурен сум дека ходочастието во светилиштето Честохова ќе ме потопи во таа докажана вера со што ќе ми направи добро. Ви благодарам за молитвите со кои се подготвувате за мојата посета. Благодарам на епикопите и свештениците, монахињите и монасите како и на верните лаици – посебно на семејствата на кои им го носам постсинодалниот апостолски поттик Радоста на љубовта. Моралното и духовното здравје на народот се гледа во неговите семејства: токму заради тоа свети Иван Павле II ги носеше во срцето свршениците, младите брачни парови и семејствата. Продолжете по тој пат!

Драги браќа и сестри ова порака ви ја испраќам како знак на својата љубов. Да останеме обединети во молитвата – догледање во Полска!

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот