30 јули е Светски ден против трговијата на луѓе, кој го промовираат Обединетите нации – истакна папата Фрањо веднаш по завршувањето на пладневната молитва Ангел Господов на 29 јули 2018 година и предупреди: Тоа зло се сведува на ниво на ропство на многу луѓе, жени и деца со намера да се искористуваат како работници и како сексуални робови, да тргуваат со нивните органи, да ги користат како просјаци и да ги присилуваат на криминал. Тоа се случува и тука во Рим. Трговците и експлоататорите често ги користат миграциските рути за да најдат нови жртви за трговија со луѓе. Сите се одговорни во осудата на оваа неправда и спротивставување на ова срамно зло – поттикна папата Фрањо и на крајот и ги поздрави сите присутни верници и поклоници
Ватикан њуз/к.мк