Папата упати апел за бегалците

На крајот од Генералната аудиенција во среда 17 јуни Папата Фрањо упати апел за бегалците, по повод Меѓународниот ден на бегалците, кој се слави на 20 јуни. „Да молиме за бројните браќа и сестри кои бараат прибежиште далеку од своите земји, дом во кој ќе може да живеат без страв, и да се почитува нивното достоинство. Го охрабрувам делувањето на оние кои им даваат помош и изразувам надеж дека меѓународната заедница ќе делува сложно и делотворно за спречување на причините за присилната миграција. Сите ве повикувам да барате простување заради лицата и институциите кои ги затвораат вратите на луѓето кои бараат семејство и заштита.

РВ/го*ко

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот