Во аудиенција со ректорите на државните универзитети во Рим и покраината Лацио, папата Фрањо се осврна на универзитетското образование, предупреди на идеологиите кои го негираат универзалниот поглед на работите и ги повика универзитетите да примат студенти, истражувачи и професори жртви на прогон, војна и дискриминација.
Критичко чувство, здрава конфронтација, дијалог – ова се трите столба за вистинска целосна човечка формација, која, сепак, навистина не може да се развие без четвртиот, без слободата. Во спротивно, би можеле повторно да се предлагаат застарени шеми, универзитетското наследство на просветителството, кое всушност ги полни главите на младите со идеи, не ги прави комплетни во нивниот придонес во општеството, идеологии кои го ускратуваат универзалниот поглед на нештата – рече папата Фрањо, обраќајќи им се на ректорите од 13 јавни, државни и недржавни Универзитети во Рим и провинцијата Лацио.
Кризата е добра
Според Папата, задачата на универзитетот е задачата со голема одговорност, во овој посебен историски момент – меѓу пандемијата, светската војна кој започна „во делови“ и сега изгледа – како што рече – нема да биде во делов , глобалното прашање за животната средина, сѐ поголемите нееднаквости; сето тоа бара значително вложување во образованието.
Треба да ја кажеме вистината: во криза сме – рече Светиот Отец и додаде: Кризата не е лоша работа; кризата е добра; ни овозможува да растеме. Сепак, опасно е кога кризата се претвора во конфликт, бидејќи конфликтот е затворен и уништува. Затоа, мора да научиме да живееме во криза, а младите да ги научиме да живеат во криза и како да ја надминат за да не прерасне во конфликт.
Младите нè потсетуваат на нашите обрски – истакна Папата. Затоа сега е време да се направи значително вложување во образованието. Затоа се развива Глобалниот договор за образование, проект на заедничка работа на глобално ниво, кој вклучува бројни соговорници, од големите религии до меѓународни институции и индивидуални образовни институции.
Потпишувајќи го во тој дух документот за човечко братство во Абу Даби на 4 февруари 2019 година , се согласивме дека на срце ни е целосна формација што се сумира во спознавањето на самите нас, сопствениот брат, сето создадено и натприродно – рече Папата и додаде: Конкретно тоа е хоризонтот на мирот, кој со право го бараме денес и за кој интензивно се молиме; оттука, вистински и сеопфатен развој, кој не може да се гради поинаку освен со критичко чувство, слобода, здрава конфронтација и дијалог.
Застарени идеи
Овој тип на формирација им помага на младите да се отворат за хоризонтот на мирот, заедно со човечкото и универзално универзитетско образование. Некои универзитети често – мислам на некои што сум ги сретнал – продолжуваат со универзитетското наследство на просветителството, односно тоа значи да ја полнат главата со идеи, а тоа не помага – рече Папата. Неопходно е да се едуцира изразувањето да биде со главата, срцето и рацете; така се расте во општеството.
Човечката личност во срцето на економските, културните и социјалните модели
Папата смета дека треба многу да се направи за да се обезбеди технолошки и научен развој и да се гарантира човечката одржливост. Големите промени бараат преиспитување на нашите економски, културни и социјални модели, со цел да се врати централната вредност на човечката личност. Самиот термин „универзитет“ ја означува заедницата, но и идејата за кохерентноста на знаењето, во потрагата што му дава вистина и значење на дијалогот меѓу сите мажи и жени во светот.
Придонес на Универзитетите
Универзитетите можат да придонесат со усогласување на најдобрата интелектуална и морална енергија – рече Папата, истакнувајќи дека студентите денес не се задоволуваат со просечност, едноставно повторување на податоците или професионален развој без хоризонти. Затоа тој ги охрабри ректорите да ги слушаат студентите, професорите, но и социјалната и институционалната реалност и повика на вложување во развојот на човековото истражување, за да им се овозможи на младите луѓе, способни да донесат нешто ново во светот на работата и општеството, и се што заслужуваат, а немаат средства, за да можат целосно да го остварат своето право на студирање и усовршување.
Поттикнувајте форми „учење-служење“ во заедницата
Папата, исто така, повика на прием на студенти, истражувачи и професори жртви на прогон, војна и дискриминација во многу земји ширум светот, како и за промовирање на формата „учење-служење“ во заедницата за да се соочат студентите со сиромаштија и егзистенцијални и општествените периферии, да се даде ново значење и вредност на сопствената формацијата, кое никогаш не е одвоено од животот, луѓето и општеството.
Сакам вашите заедници да бидат живи, транспарентни, активни, гостопримливи, одговорни, во плодна клима за соработка, размена и дијалог, вреднувајќи сѐ и секого. Посакувам оваа епохална промена да ја толкувате и да се соочите со размислување и проникливост, без идеолошки предрасуди, без страв или бегство или, уште полошо, конформизам. Затоа ви препорачувам да обрнете внимание на идеологиите. Идеологиите уништуваат, бидејќи ни покажуваат само еден пат, а ја затвораат универзалната панорама – истакна Папата. Идеологиите ја уништуваат човечноста на човекот, му го одземаат срцето, му ја одземаат поетската способност, креативноста (…) А во Црквата понекогаш имаме многу идеологии, кои не се добри.
Во пресрет на Јубилејот 2025
На крајот, папата Фрањо потсети на тесната врска меѓу Црквата и универзитетите; имено, Бонифациј VIII. го основал во 1303 година Studium Urbis, Универзитетот во Рим. Станува збор за многу стара и консолидирана врска, во разликување и соработка, која – според Папата – треба да се зајакне во одговорно и одржливо градење на развојните патеки. Говорот заврши со напомена дека мотото на следниот јубилеј во 2025 година „Поклоници на надежта“ може да ја изрази оваа конвергентна посветеност и стремеж кон заедничките животни цели, доброто и братството.