Папата со епископите од Етиопија и Еритреја

Благодарам на христијанската солидарност која ја покажувате кон најсиромашните групи на население во вашите земји – истакна папата Фрањо во говорот кој го предаде на епископите од Етиопија и Еритреја, кои ги прими во аудиенција на 9 мај по повод нивната посета Ад Лимина.

Црквата во Еритерја и во Етиопија расте на каменот на верата на жените и мажите кои ја сведочеле од самиот почеток на христијанството, но и на живиот песок на сиромаштвото кое секогаш го мачи народот, а кое е потпомогнато и со бројните конфликти како и бедата и сушата кои се на ендемични за Африканскиот рог. Гарантирајќи им дека е свесен на сето тоа, папата Фрањо заблагодари на епископите на споменатите две африкански држави за сѐ што прават со своите социјални проекти, а посебно за гладот на децата и за оние кои поради насилство или сиромаштво останале без родители, како и за младите кои, иако поврзани со своите семејства и со пријателите се приморани да ја напуштат својата земја барајќи подобри можности, ставајќи го во опасност, на тие опасни патувања и сопствениот живот.

Тие драматични услови имаат и неспорни позитивни реалности. Првата е – рече папата Фрањо – каритативната служба на двете локални Цркви, која во минатото била зајакната со ентузијазмот на бројни мисионери, монаси и монахињи. Тие со многу генерациите несебично соработувале во изградбата на вашите локални заедници, а нивниот дух денес повторно е потребен за да ја навестеме Христовата порака на целото општество– потсети Папата и објасни – и тоа не само на оние кои не Го познаваат, туку и на верниците, за повторно да можат да ја почувствуваат свежината на Евангелието и секогаш да бидат мотивирани да бараат нови и креативни начини за живеење и славење на својата вера.

Осврнувајќи се на грижата за свештениците, папата Фрањо ги поттикна епископите за своите свештеници да бидат како добри татковци. Освен тоа, препорача трајно и целосно човечки, духовено, интелектуално и пасторално воспитување на клерот, со промовирање на вистинско братство. Такво внимание треба да посветите и на воспитувањето на лаиците. Пред бројните предизвици на современото општество, меѓу кои сѐ повеќе е присутна и секуларизираната култура, и помали можности за достојна работа, важно е мудрите мажи и жени лаици ги насочат младите во распознавање на смислата на нивниот живот и сигурност за сопствената иднина.

Светиот Отец на крајот заблагодари на епископите за сѐ што прават за старите луѓе во заедниците. Вашите настојување во грижата за нив која е силно сведоштво на Божјата љубов меѓу вас, е посебна милост за сите луѓе – рече папата Фрањо.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот