Папата: Сите имаме одговорност за зачувањето на планетата

Папата: Сите имаме одговорност за зачувањето на планетата

Светскиот ден на храната се одбележува во недела на 16 октомври и папата Фрањо по тој повод објави порака во која порачува дека сите имаат одговорност да ја чуваат планетата за идните генерации.

Во пораката до главниот секретар на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (FAO) Жозе Грацијано да Силва, Папата се фокусира на темата на овогодинешниот Светски ден на храната „Климата се менува: Храната и земјоделството мора исто така.“ Папата истакнува дека борбата против гладот како цел кон која тежнееме ќе биде уште потешко остварлива со оглед на сложениот феномен на климатските промени.

Светиот Отец ја нагласува важноста на нашата улога како намесници на создадениот свет, додавајќи дека „мораме прво да признаеме дека негативните ефекти на нашата клима се последица на секојдневното однесување на луѓето, заедницата, народите и државите.“ Светиот Отец нагласи дека етичките и моралните избори не се доволни за да се заштити планетата, туку исто така потребно е и политичко делување. Тоа значи дека треба да се преземаат „неопходните чекори за да се обесхрабрат или поттикнат однесувања и начини на живот за доброто на младите, но и на идните генерации.

Во својата порака папата Фрањо посебно внимание посветува на оние чие страдање е директна последица на климатските промени: луѓето кои ги нарече „климатски мигранти;“ луѓето кои работата на полето или во шумите; луѓето кои се занимаваат со земјоделство или со мал крајбрежен риболов; конечно луѓето што живеат во руралните подрачја кои ги погодиле климатските промени. Папата додава дека многу може да се научи од селските заедници како усвојување на начин на живот, „кој може да помогне во одбраната против логиката на потрошувачката и производството под секоја цена.“

Светиот Отец предупреди на опасноста од занемарувањето на сезонските циклуси како и на несоодветното модифицирање на различни видови на животни и растенија. Производството на квалитетни производи „кои даваат исклучителни резултати во лабараторија може да биде профитабилно за некои, но и може да има страшни последици за други,“ порача папата Фрањо.

Зборувајќи против културата на фрлање храна, Папата порача дека „светското производство на храна е доволно да обезбеди храна за сите под услов праведно да се распредели.“ Освен тоа говореше и против уништувањето на храната од чисто економски причини. На крајот од својата порака Светиот Отец истакна дека „желба на многумина е целите зацртани во Договорот од Париз (за климатските промени) да не останат само убави зборови, туку да станат храбри одлуки.“

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма за умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот