Папата се сретна со претставници на Кипарската православна црква

Папата се сретна со претставници на Кипарската православна црква

На вториот ден од своето 35. апостолско патување во странство, во петок, 3 декември 2021 година, папата Фрањо го посети православниот кипарски архиепископ Хризостом II во Никозија. а потоа во православниот соборен храм се сретна со членовите на Светиот синод.

Се надевам дека можноста за средба и меѓусебно подобро запознавање ќе помогне да се надминат многу предрасуди, искрено и отворено меѓусебно слушање, рече Папата пред претставниците на Кипарската православна црква по кратката средба со архиепископот Хризостом Втори.

Папата побара помош од православните поглавари за Епископската синода до 2023 година, со што Католичката црква сака повторно да ја открие својата синодална димензија. При тоа, „треба да работиме уште поблиску со вас, драги браќа, кои можете да ни помогнете со искуството на вашата синодалност“, рече Папата во во православниот соборен храм

И покрај тоа што историјата создаде јаз во нашите односи, Светиот Дух сака понизно и со меѓусебна почит повторно да се зближиме. Двете Цркви имаат исто апостолско потекло, рече Папата. Двете страни не смеат да се плашат да се отворат, треба да даваат храбри знаци и да не се препуштаат на „непомирливоста во разликите“ кои не се одразуваат во Евангелието. Колку често во историјата христијаните се впуштале во борба против другите наместо понизно да го прифатат Божјиот пат кој се обидува да ги надмине поделбите со љубов кон ближниот. Најважно е да се признае заедничката мајка Црквата, рече Папата.

Архиепископот Хризостом истакна дека Кипар со право се смета за врата на христијанството кон паганскиот свет и го осуди турското освојување на северот на островот. Тој се заблагодари за поддршката на Светиот Престола на локалната црква, особено споменувајќи ги заслугите на почесниот папа Бенедикт XVI, со чие посредство беа вратени 500 примероци од византиската култура кои турски археолози ги имаа однесено во Германија. Архиепископот ја повтори и својата посветеност на екуменизмот, истакнувајќи дека имаат добри односи со сите Цркви. Дијалогот започна и со муслиманите на Блискиот Исток, но поради обновените тензии во регионот, тој засега е прекинат.

Околу 77 % од населението на Кипар се членови на Православната црква и повеќето од нив по турското освојување во 1974 година живеат во јужниот дел на островот, каде 93 отсто од 850.000 жители се православни.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот