Папата се сретна со премиерот на Босна и Херцеговина
Актуелната сосотојба и перспективите на Босна и Херцеговина беа главните теми на разговорот меѓу Папата Фрањо и премиерот на Босна и Херцеговина Вјекослав Беванда. Освен со Папата, високиот гостин од Босна и Херцеговина оствари разговори и со државниот секретар на Ватикан архиепископот Пјетро Паролин и секретарот за Односите со земјите монсињор Доминик Мамберти.
Разговорите поминаа во „срдечна атмосфера” со посебен акцент на „главните цели пред земјата и напорите за изградба на отворено општество, заштита на човековите и граѓанските права”, се вели во соопштението од Ватикан.
Исто така стана збор и за „предизвиците кои ги наложува оваа финансиско-економска криза”. Во разговорите се потврдени „добрите билатерални односи, како и основниот договор од 2006, кој помага во соработката меѓу Црквата и државата за општото добро и развојот на Босна и Херцеговина”. Во соопштението се додава дека се разговарало и за „некои теми поврзани со гореспоменатиот договор , како и придонесот на католиците во општеството”.
РВ/го*ко