Папата се сретна со полските епископи
Во касните попладневите часови во среда 27 јули 2016 година, првиот ден од Апостолското патување во Полска, папата Фрањо се сретна со полските епископи во краковската катедрала „Свети Станислав и Вацлав“. Папата беше пречекан во катедралата од краковскиот надбискуп Станислав Џивиш и катедралниот парох.
Папата се задржа накратко во молитва пред моштите на свети Станислав и свети Иван Павле.
Средбата на Папата со околу 130 полски епископи се одвиваше во облик на неофицијален разговор.
Пред средбата со епикопите претходеше посета на полскиот претседател во во палатата Вавел, од каде Папата го упати својот прв говор во Полска, повикувајќи за заштита на животот.
к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија:
Ватикан